Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

10.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

More
    домаАгро ВестиОгревно дрво - Зголемено производство во Европската Унија

    Огревно дрво – Зголемено производство во Европската Унија

    petel baner

    Зголемено производство на огревно дрво во Европската Унија. Податоците покажуваат дека Франција и Германија водат во производството.

    Европскиот завод за статистика Еуростат објави дека во 2021 година, производството на огревно дрво во ЕУ изнесувало 118,5 милиони m³. Ова е зголемување од четири отсто во однос на 2020 година (113,8 милиони м³). Во однос на 2019 година зголемувањето е три отсто (115,0 милиони м³).

    Agrobot

    Огревно дрво се користи се повеќе

    Во последните години, производството на огревно дрво бележи постојан пораст од 18 проценти во 2019 година во споредба со три години претходно. Се намали во 2020 година поради мерките поврзани со сузбивањето на пандемијата Ковид-19.

    огревно дрво

    Во 2021 година пет земји-членки забележаа најголемо производство на овој вид на дрво. На прво место е Франција со 26,7 милиони m³, а потоа следат Германија со 23,2 милиони, Финска со 8,9 милиони, Романија со 6,4 милиони и Шведска со 5,5 милиони кубни метри. Тоа е вкупен пораст од 65 проценти на производството во ЕУ.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Во споредба со 2020 година, најголем пораст на производството на огревно дрво е забележан во Германија и Франција за 15 отсто и Унгарија за 14 отсто. Најголем пад е забележан во Луксембург за 23 отсто, Австрија за осум отсто и Естонија за шест отсто.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img