Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

9.8 C
Skopje
Tuesday, April 23, 2024

More
    домаАгро ЗабаваРецепт: Божиќни колачиња

    Рецепт: Божиќни колачиња

    petel baner

    Божиќните колачиња се едни од најпопуларните слатки во празничниот период.

    Благодарение на креативноста при декорирањето, добиваат многу облици и интрпретации, па оттаму и се едни од омилените бидејќи дозволуваат да се забавувате додека ги правите. Еве го нашиот предлог рецепт за вкусни и декоративни божиќни колачиња.

    За тесто:

    300 гр. брашно

    100 гр. маргарин

    1 јајце

    100 гр. шеќер

    1 ванилин шеќер

    4 лажички мед

    1 прашок за пециво

    1 лажичка цимет

    За декорација:

    1 белка

    200 гр. шеќер во прав

    1 лажичка сок од лимон

    Припрема:

    Во посебен сад изматете го јајцето, па додадете го омекнатиот маргарин, циметото, медот, брашното, шеќерот, ванилиниот шеќер и прашокот за пециво.

    Agrobot

    Месете го тестото со рака, па потоа прекријте го со проѕирна фолија и оставете го да стаса 30тина минути. Од тестото со сукалка растегнете кора со дебелина од еден сантиметар, па со калапи за новогодишни колачиња направете фигури.

    Врз тавата за печење ставете хартија за печење, па ставете ги колачите да се печат 15 минути на температура од 180 степени. Откако ќе се испечат оставете ги колачите целосно да се изладат.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Изматете ја белката, па постепено додавајте го шеќерот во прав и сокот од лимон. Матете со миксер се додека смесата не се соедини. Сипајте ја смесата во кесичка, па малку отсечете од врвот за да добиете шприц за декорација. Декорирајте ги колачите по желба, па оставете ги да се изладат и стегнат пред послужување. Добар апетит!

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img