Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

13.8 C
Skopje
Tuesday, April 23, 2024

More
    домаАгро ВестиШпанија го укина ДДВ за основната храна за да му помогне на...

    Шпанија го укина ДДВ за основната храна за да му помогне на населението

    petel baner

    Шпанија одлучи привремено да го укине данокот на додадена вредност (ДДВ) на основната храна за да им помогне на своите граѓани да ја надминат економската криза. Ова е само една од низата мерки.

    Премиерот на Шпанија Педро Санчез најави дека привремено ќе го укине ДДВ од 4%. Оваа мерка се однесува на основната храна како леб, сирење и зеленчук. За останатите намирници, како тестенините, данокот ќе се намали од 10% на 5%.

    Agrobot

    Следна мерка е исплата на еднократна помош од 200 евра на семејства со годишен приход помал од 27.000 евра за да се ублажат ефектите од инфлацијата.

    Шпанија претходно донесе одлука за намалување на ДДВ на струјата и гасот и продолжува да ја спроведува мерката за забрана на прекини на струја за најсиромашните домаќинства кои не можат да платат за тоа.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Да потсетиме, Шпанија во септември годинава одвои 30 милијарди долари за поддршка на своите граѓани кои се борат со растот на цените, а пред тоа обезбеди бесплатен јавен превоз за сите граѓани.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img