Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

9.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024

More
    домаАгро ВестиВо Шпанија, 2022 година беше најтоплата година од почетокот на мерењата

    Во Шпанија, 2022 година беше најтоплата година од почетокот на мерењата

    petel baner

    Шпанија ја имаше својата најтопла година во 2022 година. Барем од 1916 година кога почнаа мерењата, објави Националната метеоролошка агенција (АЕМЕТ) на Твитер.

    Од Агенцијата посочуваат дека е „првпат просечната годишна температура да надмине 15 Целзиусови степени“ и да достигне речиси 15,5 степени.

    – До 2011 година температурата не надминуваше 14,5 степени. После тоа, ова се случи пет пати – додаваат од АЕМЕТ.

    По 2022 година, двете најжешки години беа 2017 и 2020. Шпанија, како и дел од Европа, беше зафатена од неколку топлотни бранови во летото 2022 година. Обеележани беа со пожари, прекумерен број на смртни случаи и поголема суша.

    – За прв пат две последователни сезони во иста година (лето и есен) беа најтопли по ред – истакнува АЕМЕТ во извештајот.

    Смртта на речиси 4.744 луѓе во Шпанија може да се припише на топлината што преовладуваше во летото 2022 година, според проценката на вишокот на смртност објавена од Институтот за јавно здравје.

    Пожарите во Шпанија изгореа повеќе од 300.000 хектари во 2022 година, најмногу од почетокот на евиденцијата во 2000 година, според Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS).

    – Со оглед на количеството на дожд измерено до 15 декември, може да се каже дека тоа беше третата најсушна година во историската серија – посочува АЕМЕТ во извештајот.

    Agrobot

    Екстремно топлото време продолжува и во 2023 година, бидејќи во повеќе градови на северот од земјава е измерена рекордно висока температура за Нова година.

    Така, во Билбао се измерени 25,1 степен, што е највисока температура досега забележана во јануари.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Во остатокот од Европа, летото 2022 година беше најжешко досега, објави Европската служба за климатски промени Коперник.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img