Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

4.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

More
    домаАгро советиДали знаете зошто е добро да додадете оцет во компирот за време...

    Дали знаете зошто е добро да додадете оцет во компирот за време на готвењето?

    Компирот е омиленото јадење на многу луѓе. Сега ќе дознаете како да ги готвите за да ги направите уште повкусни!

    Ние ги сакаме компирите затоа што можеме да ги подготвиме на различни начини, може да се варат, да се печат, како пире, да се полнат со месо, да се додадат во супи и салати. Сепак, важно е да знаете кои компири да ги користите за да уживате во најдобрата текстура и вкус. Значи, не се сите компири исти!

    Ако компирот има повеќе скроб, тогаш неговата содржина полесно ќе омекне и е одличен за подготовка на пире или за печење. Восочните компири содржат многу вода, поради што се користат во салати или варени. Кога веќе ја спомнавме салатата од компири, доколку до сега не бевте целосно задоволни од вкусот, постои едноставно решение – ставете оцет во водата во која се вари компирот!

    Како оцетот ќе помогне компирот да биде повкусен?

    Откако ќе научите да користите вистински компир за готвење, додавањето оцет во водата за готвење ќе му помогне на компирот да ја задржи својата форма. Но, тоа не е се. Процесот оди така што компирите ги варите околу 30 минути, а по 10 минути варење додадете оцет.

    Според Eating Expired, оцетот ќе ги задржи компирите цврсти и ќе се формира поцврста кора однадвор. Добро е да знаете дека не е важно каков вид оцет ставате – вински, јаболков или алкохолен. Пробајте го овој рецепт денес и уживајте во најдобрата салата од компири.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img