Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

3.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024

More
    домаАгро ЗабаваОсвежителна домашна витаминска вода

    Освежителна домашна витаминска вода

    petel baner

    Витаминската вода со различни вкусови која е во продажба всушност е полна со скриени засладувачи кои може да му штетат на организмот.

    Доколку сакате да уживате во витамински освежувачките пијалоци, ви го нудиме рецептот за домашна витаминска вода, на кој посебно ќе му бидат благодарни вашите органи за варење и стомакот.

    Состојки:

    – 2 литри вода

    – 1 лажичка свежо рендан ѓумбир

    – 12 листови нане

    – 1 краставица со средна големина

    – 1 лимон

    Подготовка:

    Краставицата и лимонот исецкајте ги на парчиња, доколку имате домашни плодови искористете ги заедно со кората. Исецканите парчиња ставете ги во стаклен сад и додадете ги и останатите состојки, па прелијте ги со вода. Смесата ставете ја во фрижидер да стои најмалку 8 часа, со повремено мешање. Состојките во домашната витаминска вода имаат позитивно влијание врз стомакот, затоа што го смируваат варењето на храната и го ослободуваат телото од насобраните токсини.

    Agrobot

    Лимонот кој изобилува со витаминот Ц ја подобрува работата на црниот дроб, орган кој е одговорен за прочистување на организмот.

    Ѓумбирот помага во одржувањето на гликемискиот индекс под контрола, а воедно ги олеснува и грчевите и помага против мачнина.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Нането го стимулира согорувањето на масните наслаги, помага при елиминирањето на токсини од телото, а исто така ги ублажува и болките во стомакот.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img