Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

1.8 C
Skopje
Friday, January 27, 2023

More
    домаАгро ВестиВо Гренланд станува се потопло

    Во Гренланд станува се потопло

    Додека човештвото внимателно го следи зголемувањето на просечната глобална температура, научниците од Гренланд се обидоа да навлезат во тамошната историја и да го проценат влијанието на климатската криза на овој остров. Успеаа во тоа, но резултатите не се воопшто охрабрувачки.

    Имено, Гренланд во последните 1.000 години никогаш не бил потопол како во модерното време. Ова го покажува студијата објавена во научното списание „Nature“. Просечната температура во периодот од 2001 до 2011 година била за 1,5 °C повисока отколку во текот на дваесеттиот век.

    Авторите своето истражување го засновале на дупчење на ледената покривка во централните и северните делови на Гренланд. Колку подлабоко дупчеа во мразот, толку повеќе одеа назад во времето, овозможувајќи им да ги разликуваат природните температурни флуктуации од оние предизвикани од човековата активност.

    Во извештајот се наведува дека климатските промени одиграле значајна улога во драматичното зголемување на температурата во регионот на Арктикот. Денешните температури измерени на Гренланд беа незамисливи пред луѓето да почнат да согоруваат фосилни горива.

    Последиците од топењето на мразот таму се чувствуваат и во остатокот од светот

    Експертите предупредуваат дека Гренланд може да придонесе за зголемување на нивото на морето за 50 сантиметри до крајот на векот, доколку емисиите на јаглерод продолжи со истото темпо. Ова ќе влијае на милиони луѓе во крајбрежните области.

    Иако анализата го опфати само периодот до 2011 година, оттогаш во овие области се забележани екстремни настани: како неочекувано топла пролет и топлотен бран во јули 2019 година, што предизвика топење на речиси целата површина на ледената покривка, како и првите дождови забележани на ледениот врв Гренланд (3.216 m) во август 2021 година.

    Врнежите би можеле да го заменат снегот на Гренланд за 40-50 години.

    За да се избегне уште покатастрофална ситуација во иднина, неопходно е итно намалување на емисиите на јаглерод.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img