Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

10.8 C
Skopje
Tuesday, March 19, 2024

More
    домаАгро ВестиИновативен околувратник за заштита на добитокот од волци

    Иновативен околувратник за заштита на добитокот од волци

    petel baner

    Секоја година, нападите од волци предизвикуваат милиони штети кај добитокот во Шпанија, особено во оддалечените планински области. Сточарите бараат решенија за да ги заштитат своите животни.

    Едно од нив би можел да биде околувратникот кој ќе им овозможи на фармерите да го следат добитокот. Околувратникот, кој моментално е прототип, може да помогне во откривање и спречување на напади од волци. Пишува на својата веб-страница Европското партнерство за иновации во земјоделството (EIP-AGRI).

    Седум фарми во Мадрид, Кастиља и Леон и Галиција, кои често беа изложени на напади од волци, го тестираа иновативниот околувратник кој работи како GPS уред за следење. Тие, исто така, тестирале друг систем кој испраќа предупредување до мобилниот телефон на фармерот. Кога се менува однесувањето на животното, температурата или отчукувањата на срцето, што може да укаже на напад.

    „Бидејќи нашите животни пасат во планините, може да биде потребно премногу време додека не реагираме. Затоа ја испробавме опцијата за активирање на ЛЕД диоди или звуци кои можат да ги избркаат волците без да го вознемируваат добитокот. Најдобри резултати покажал звукот на лаење на кучиња мастиф. Но ни треба дополнително истражување за да го претвориме прототипот во пазарен производ“, изјави водачот на проектот Пола Санчез.

    Agrobot

    Технологијата за GPS следење била добро прифатена од повеќе од 800 фармери, вклучително и многу млади сточари. Тие присуствувале на информативни состаноци и го тестирале околувратникот за подобро управување со добитокот на испаша.

    Бидејќи, како што велат иноваторите, информациите за тоа каде се животните и каде претпочитаат да пасат заштедува време, овозможува подобро искористување на пасиштата и ја подобрува продуктивноста.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    На проектот работеле Оперативната група GELOB во соработка со Синдикатот на мали фармери и сточари (UPA), Универзитетот Реј Хуан Карлос во Мадрид, технолошката компанија Дигитанимал и други експерти.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img