Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

17.8 C
Skopje
Friday, May 3, 2024

More
    домаАгро советиКога и како се сее семе од домати за расад?

    Кога и како се сее семе од домати за расад?

    petel baner

    Домати за расад се сеат 50 до 60 дена пред садењето на постојано место. Не брзајте, но и немојте да доцните.

    Речиси и да нема градина во која нема да најдеме домати. Оваа тропска култура во нашата клима главно се  одгледува од садници поради нејзините барања за топлина. Најлесно е да ги купите, но ако сакате да имате стари или необични сорти, нема да ги најдете на продажба. Покрај тоа, кога сами ќе одгледувате садници, ќе бидете целосно сигурни која сорта или хибрид ја садите и каков е квалитетот на растенијата.

    Дезинфицирајте ги семињата

    Ако сте зачувале семиња од претходната сезона, треба да ги прегледате и да ги отстраните сите скршени и оштетени. За да се обезбеди висок процент на ‘ртење, покријте гi со солен раствор. Ова ќе им овозможи на ситните семиња да испливаат на површината. Едноставно отстранете ги и дезинфицирајте го остатокот.

    Растворот од алое вера го забрзува ‘ртењето, дополнително ги дезинфицира и ги забрзува метаболичките процеси. Се подготвува од еднакви делови на сок и филтрирана или зовриена вода. Ставете ги семките во платнена кеса или крпа и киснете 12 до 14 часа.

    Прилагодете ја сеидбата на времето на садење

    Сеидбата не треба да се брза, но ниту да се доцни. Пресметуваме дека тоа треба да се направи најрано околу 50 до 60 дена пред садење на постојано место. Прерано сеење може да даде издолжени и слаби садници.

    Agrobot

    Недостатокот на осветлување во првите денови може да биде голем проблем. Освен тоа, обраснатите растенија потешко се одржуваат до моментот на садење на отворено поради појавата на разни болести. Вообичаено во континенталниот дел се прави во првата половина или средината на мај, кога ќе помине опасноста од доцен мраз. Премладите садници не се развиени, послабо се вкорени и не можат да се прилагодат на надворешните услови.

    Во зависност од времето потребно за формирање и зреење на плодовите и каде ќе ги одгледуваме, во стаклена градина или на отворено, определете го датумот на сеидба. За повеќето сорти што ќе ги посееме на отворено, тоа се прави во март.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Минималната температура на ‘ртење е 9ºC, а оптималната околу 23ºC. Не треба да биде повисока од 25ºC. На тие температури никнува за пет до шест дена. Младите растенија најдобро растат на дневна температура од околу 24ºC и ноќна температура помеѓу 16 и 18ºC.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img