Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

14.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

More
    домаАгро ВестиБоров четник ја нападна шумата во кавадаречко и Кочани

    Боров четник ја нападна шумата во кавадаречко и Кочани

    petel baner

    Боровите во кавадаречко се нападнати од боров четник, ситуацијата е алармантна во неколку предели со борова шума.

    Според надлежните, проблемот е навреме согледан и преземени се мерки за негово надминување. Веќе се работи и на терен за негово решавање.

    Став на експертите е дека можеби е најсоодветно во овој момент да се реагира со биолошко авионско прскање за ситуацијата да се стави под контрола. А потоа да се продолжи со обичен био третман, без авион.

    – Боровиот четник е најголемиот уништувач на шумските стопанства. Боров четник или гасеници ги пустошат боровите. Како што е тргнато, за неколку години ќе се уништат пошумуваните борови по Љубаш, накај Катунишки камен и други места. Речиси 100 проценти од пошумените предели во Тиквешијата се нападнати од овој молец. И доколку веднаш не се преземат мерки за негово отстранување, ќе ги изгубиме ,,белите дробови” на Кавадарци. Со тоа зелената карта на град Кавадарци енормно ќе се намали, изјави за МИА планинарот Дарко Најдов.

    Според него, во неколку предели со борова шума околу Кавадарци ситуацијата е алармантна.

    – Во месноста Катунишки Камен, Љубаш, наспроти споменикот за 12 Ваташки деца, градскиот парк, или со други зборови, каде и да има пошумена борова шума, таа е нападната од боровиот четник. Доколку не се преземат мерки за отстранување на гасениците, за многу брзо време боровите ќе се исушат, дециден е Најдов.

    Реакции од љубители на природата пристигнале и до регионалното еколошко друштво „Еко-живот”.

    – Според тоа што и самите го гледаме на терен, дел од шумата е веќе исушена. А во наредните години тоа е очекувано да биде уште повеќе. Боровата шума на „Љубаш” ги претставува белите дробови на градот Кавадарци и не смееме да дозволиме таа шума да биде уништена. Мора да се преземе нешто за да бидат спасени сите месности со борова шума, што се нападнати од боровиот четник, рече за МИА, Роберто Паризов, претседател на „Еко-живот”.

    Љубица Ѓорѓиева, државен инспектор за шумарство и лов, појасни за МИА дека проблемот е навремено согледан и преземени се мерки за негово надминување.

    Agrobot

    – Проблемот е констатиран и од страна на Инспекторатот и од страна на ,,Национални шуми”. Известена е и ИДП службата при Шумарскиот факултет во Скопје. Од наша страна е даден налог да се изврши механичко или хемиско третирање. Дел од стеблата зафатени со боров четник беа исечени и на нивно место беа посадени нови дрвца. Работите се работат тековно, рече Ѓорѓиева.

    Професор доктор Стерја Начески, ентомолог од ИДП службата при Шумарски факултет за МИА изјави дека засега тешко дека ќе има авионско прскање. Бидејќи мислењето на надлежните државни органи било дека секаде во светот таквото третирање било забрането. Ако има прскање, тоа би било на почеток од септември. Според него, најсоодветно е можеби биолошко третирање. Со био препарат, со авионска метода, за да се стави под контрола. Па потоа да се продолжи со обичен био третман, без авион.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    И шумата над околните ридови на Кочани е нападната од боров четник – еден од најдеструктивните молци за шумите во јужна Европа.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img