Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

8.8 C
Skopje
Tuesday, March 19, 2024

More
    домаАгро ЗабаваЛековитата моќ на маслото од темјан

    Лековитата моќ на маслото од темјан

    petel baner

    Темјан е ароматична смола добиена со сечење на кората на светото дрво Босвелија, исто така наречено од Арапите „солзи на боговите“. Од него тече сок кој прво има бела боја, а по неколку недели станува жолт, зелен, кафеав, па и црн. Откако ќе се собере, смолата се носи на парна дестилација, по што настанува масло.

    Повеќето луѓе го поврзуваат темјанот со миризливиот чад што се шири од црквите. Иако отсекогаш бил поврзан со религиозни и свети места, оваа миризлива смола била користена уште од античко време.

    Првите записи за тргување со темјан датираат од 3000 година пред нашата ера, од Блискиот исток и Северна Африка.

    Agrobot
    Лековити состојки

    Највредните состојки на маслото за темјан се моноторпените и сесикерпените. Монотерпените имаат антибактериски, антисептички и стимулативни својства и делуваат како аналгетици и експекторанси. Тие исто така промовираат детоксикација на телото и помагаат во елиминирање на отровот од бубрезите и црниот дроб.

    Од друга страна, сескитерпените имаат стимулирачки ефект врз лимбичкиот дел од мозокот, задолжен за емоции, како и на хипоталамусот, епифизата и хипофизата. Можеби тоа е причината зошто на темјанот му се дадени духовни и религиозни значења и атрибути.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Некои веруваат дека со употреба на темјанот, подобро се поврзуваме со нашата интуиција. Маслото за темјан содржи и многу лековита Босвелна киселина, која е анти-канцерозна и антиинфламаторна.

    Придобивките од маслото
    • Го намалува воспалението и болката во зглобовите
    • Ја стимулира циркулацијата и ја подобрува меморијата
    • Одржува орално здравје
    • Ја заздравува и ја подмладува кожата
    • Ја олеснува менопаузата и ги балансира хормоните
    • Делува како сојузник против настинки и грип
    • Го намалува стресот и негативните емоции
    Како да го користите:
    • Проблеми со кожата (акни, стрии, гребнатини, лузни…)
      Спуштете 2-4 капки масло од темјан во проблематичната површина на кожата и тријте. Маслото за миризба измешајте го со основно масло, како што е јојоба или кокосово масло, за да го разредите малку.
    • За орално здравје и воспаление
      При орална администрација, дозата е многу важна. Капнете 2 капки масло од темјан на палецот и истријте го горното непце во усната шуплина. Одлично е за орално здравје и антиинфламаторни процеси во организмот.
    • При настинки и респираторни проблеми
      Капнете неколку капки масло од темјан на чиста крпа или газа и вдишете. Ова го олеснува дишењето и помага да се отстрани вишокот слуз од белите дробови. Исто така е добро за астма и алергии.
    • За подобра циркулација и за болка
      Можете да капете неколку капки масло од темјан на вашата кожа и да го масирате болното место. Исто така, која капка можете да додадете во врела вода, натопете пешкир во вода и ставете го на болното место или ставете го на лицето и вдишете.
    • За релаксација и почист воздух во домот
      Пополнете ја кадата со врела вода и капнете неколку капки масло од темјан, тоа ќе ве опушти. Можете исто така да додадете неколку капки во дифузер за масло или овлажннувач за да го шири својот дрвен мирис во вашиот дом – ова ќе го намали бројот на бактерии и микроби во вашиот дом.
    • За помош со ‘рчење
      Измазнете ја областа околу носот, вратот и градите со темјан пред спиење.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img