Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

35.8 C
Skopje
Wednesday, June 19, 2024

More
    домаАгро ВестиСушата во Западна Африка го погоди родот на какао

    Сушата во Западна Африка го погоди родот на какао

    petel baner

    На почетокот на 2023 година големите пристаништа во Брегот на Слоновата Коска, најголемиот светски производител на какао, добија значително помалку пратки поради недоволните врнежи, што го намали родот.

    На почетокот на 2023 година, во пристаништата Абиџан и Сан Педро пристигнуваа само 70.000 тони какао неделно, споредено со 115.000 тони неделно во ноември и декември, според проценките на извозниците.

    „Падот е драстичен и неочекуван. Бевме на високо ниво во декември, а во јануари сè одеднаш пропадна“, рече директорот на компанија за извоз на какао со седиште во Абиџан и Сан Педро. Од почетокот на сезоната на 1 октомври до 29 јануари пристигнаа вкупно 1.540 милиони тони зрна какао.

    Се очекува испораките да се намалат до крајот на главната берба во февруари и март. А можеби и во втората берба, во април и мај. Доколку врнежите не станат поредовни, изјавија за Reuters извозниците, земјоделците и откупувачите. Главната берба на какао во Брегот на Слоновата Коска трае од октомври до март. А втората берба од април до септември.

    Одгледувањето на какаото бара обилни врнежи, со сончеви периоди, за да може зрната да се исушат. Западна и Централна Африка моментално е во средината на сушната сезона, која трае од средината на ноември до март.

    „Навистина немаме многу дожд од септември. Во октомври и декември падна само еднаш или двапати. Недоволно за навистина да му помогне на какаото да расте добро“, рече одгледувачот Едуард Куаме Куадио, сопственик на плантажа за какао во селото Габеаџи во близина на Сан Педро.

    agrounik

    Единаесет други земјоделци се пожалија на временските услови во интервју за Reuters. Додавајќи дека ситуацијата дополнително ја влошува недостигот на ѓубрива, чии цени се удвоија од 2021 година.

    „Без ѓубриво, производството не е добро“, рече Салиф Кујате, кој одгледува какао на површина од пет хектари во Соубре.

    Некои одгледувачи успеаја да соберат само половина јутена вреќа од 80 килограми за две недели. Во периодот од октомври до декември береле по осум вреќи неделно. Купувачите и посредниците во трговијата со какао рекоа дека одлучиле привремено да ги затворат продавниците за да ги намалат трошоците.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    „Не мислиме дека ситуацијата ќе се промени пред втората жетва. Не очекуваме дожд бидејќи не е сезона. Така што нема да има многу какао пред мај“, рече Давид Куаси, купувач во Сан Педро.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img