Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

21.8 C
Skopje
Friday, March 31, 2023

More
    домаАгро ВестиПојава на кравјо лудило во Холандија

    Појава на кравјо лудило во Холандија

    На сточарска фарма во Холандија се појави прв случај на говедска спонгиформна енцефалопатија (БСЕ), кравјо лудило.

    Министерот за земјоделство на Холандија, Пит Адема, соопшти дека е откриен случај на кравјо лудило.

    Инфекцијата била пронајдена кај мртва крава на 30 јануари, рече Адема во писмо до парламентот, без да прецизира на која фарма е пронајдено животното.

    Инфекцијата ја проучуваат стручни лица со цел да се утврди дали се работи за таканаречен нетипичен или класичен тип на инфекција, т.н. спонгиоформна енцефалопатија.

    Атипичната варијанта може да се појави како резултат на возраста, додека класичниот тип на инфекција најчесто е предизвикан од контаминирана добиточна храна. Атипичните случаи, кои повремено се откриваат во последниве години, може да доведат до привремени трговски ограничувања.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img