Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

9.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

More
    домаАгро ВестиГлобалните цени на храната паѓаат десетти месец по ред

    Глобалните цени на храната паѓаат десетти месец по ред

    petel baner

    Глобалните цени на храната паднаа десетти последователен месец во јануари, објави Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО).

    Индексот на цените на храната на ФАО во јануари во просек изнесуваше 131,2 поени. Тоа е за 0,8 отсто помалку од претходниот месец.

    Падот беше предводен од падот на индексите на цените на растителните масла, млечните производи и шеќерот. Додека индексите на цените на житото и месото останаа главно стабилни минатиот месец.

    Индексот на цените на храната на ФАО е индекс пондериран според трговијата кој ги следи цените на меѓународниот пазар на пет главни групи на прехранбени производи.

    Во јануари индексот на цените на растителните масла падна за 2,9 отсто на месечно ниво. Ова е резултат на пониските светски цени на палмино масло, масло од соја, сончоглед и репка.

    Agrobot

    Поттикнат од пониските меѓународни цени на путерот и млекото во прав, индексот на цените на млекото падна за 1,4 отсто од декември. Тоа на најниско ниво во последните 12 месеци во јануари.

    Индексот на цените на шеќерот е понизок за 1,1 отсто. Тоа претставува прв пад по наглиот раст во претходните два месеци.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Силниот напредок на жетвата во Тајланд и поволните временски услови во Бразил го надминаа влијанието врз цените поради загриженоста за пониските приноси во Индија, повисоките цени на бензинот во Бразил, кои ја поддржуваат побарувачката на етанол и апрецијацијата на бразилскиот реал во однос на американскиот долар, се вели во извештајот.

    Индексот на цените на месото во јануари забележа благ пад од 0,1 отсто. Ова е седми последователен месечен пад, додека индексот на цените на житарките порасна за 0,1 отсто.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img