Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

13.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

More
    домаАгро ВестиОгорчена Европа - Каде сѐ во моментов протестираат земјоделците?

    Огорчена Европа – Каде сѐ во моментов протестираат земјоделците?

    petel baner

    Огорчена Европа – Протестите на фармерите се одржуваа изминатиов месец низ Европа. Покрај неодамнешните протести на млекопроизводителите и сточарите во Србија, фармерите од различни делови на Европа го изразуваат своето незадоволство од актуелните одлуки на нивните Влади за различни прашања.

    Фармерите во среда ќе протестираатво Франција

    Француските земјоделци се поканети да се соберат во среда во Париз на протест со трактори, за да го осудат „исчезнувањето“ на домашните земјоделски производи поради намалувањето на пестицидите кои им се достапни.

    Земјоделскиот сојуз и Унијата за производство на шеќерна репка повикаа на протест на 8 февруари во Париз. Потоа се до 20 февруари ширум Франција. Земјоделците планираат да се соберат во Париз со трактори во среда во близина на Парламентот и Министерството за земјоделство. Свое учество пријавија околу 900 земјоделци.

    Француската влада на 23 јануари одлучи да не одобри одредени инсектициди за одгледување шеќерна репка. Тоа доаѓа по одлуката на Судот на правдата на Европската унија да ги забрани тие производи, пренесува Бета-Франс прес. Тие супстанции, токсични за пчелите, се забранети од 2018 година. Сепак нивната употреба продолжи во Франција за семиња од шеќерна репка, за заштита од вирусни болести кои ги загрозуваат приносите.

    Протестите на грчките земјоделци планирани за цел месец

    Понатамошни протести на земјоделците веројатно ќе има низ цела Грција до средината на февруари, според грчкиот веб-сајт Anagnostis.org.

    Земјоделските организации најверојатно ќе продолжат да одржуваат протести на националните автопати и главните патишта во Грција до средината на февруари. Земјоделците демонстрираат за неколку прашања, вклучително и земјоделските политики кои ќе ги зголемат трошоците за производство.

    Покрај тоа, грчките земјоделци се незадоволни и од недоволната помош и инвестиции во инфраструктурата за да се спречат штетите од невремето. Тие бараат и зголемување на земјоделските субвенции.

    Следниот протест ќе биде закажан за 8 февруари бидејќи здруженијата се незадоволни од одговорите кои ги добиле од грчката влада.

    Шпанските земјоделци без вода за наводнување

    Шпанските земјоделци протестираат против плановите за затворање на снабдувањето со вода за наводнување, објави Ројтерс на својата веб-страница .

    Илјадници земјоделци протестираа кон крајот на минатиот месец во Мадрид поради планот на шпанската влада да ја намали количината на вода земена од реката Тагус за наводнување на обработливо земјиште во југоисточниот дел на земјата.

    Шпанија ја доживеа најтоплата година во историјата во 2022 година. Топлините, проследени со долга суша во поголемиот дел од годината, предизвикаа акумулацијата да се спушти на критично ниво. Министерката за животна средина Тереза ​​Рибера во вторникот рече дека овие ограничувања се неопходни за да се подготви земјата за последиците од климатските промени. Но, земјоделците и регионалните политичари истакнуваат дека тоа ќе влијае на производството на храна. Погодениот регион е главен производител на храна познат како „овоштарник на Европа“.

    Регионалниот лидер на Мурсија, Фернандо Лопез Меирас, на протестот рече дека 70 отсто од овошјето и зеленчукот што ги извезува Шпанија се наводнуваат со префрлање на водата од Тагус. Тој предупреди дека доколку се прекине водоснабдувањето може да останат без 25.000 работни места.

    Agrobot

    Водоводниот систем од акумулации во централна Шпанија до овоштарниците во Валенсија и Мурсија беше еден од најголемите хидротехнички проекти некогаш преземени во земјата. Придонесе за нејзиниот развој како главен извозник на овошје и зеленчук.

    Протести на млекопроизводителите во Србија

    Неколку стотици млекопроизводители и сточари од сите краишта на Србија дојдоа во петокот, на 3 февруари, пред зградата на Министерството за земјоделство. Го изразија своето незадоволство од актуелната состојба во сточарската индустрија. Во најголем дел повторуваа веќе познати барања за кои до сега немаше разбирање од надлежните институции.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Сточарите и млекопроизводителите во Србија се незадоволни од цената на млекото. Протестираа поради барањето да се зголемат премиите и субвенциите, да се платат долговите по тој основ и да се забрани увозот на млеко и месо. Ова го изјави претседателот на Здружението на српското земјоделство, Зоран Миличевиќ.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img