Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

10.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

More
    домаАгро ВестиЖените земјоделки добиваат платено отсуство за мајчинство

    Жените земјоделки добиваат платено отсуство за мајчинство

    petel baner

    Усвоена е Предлог програма за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност.

    Со оваа програма, за прв пат се решава правото на користење на надоместок за мајчинство за жените земјоделки. За време на спреченост на вршење на земјоделската дејност поради раѓање. Право кое не е опфатено со прописите за платено породилно отсуство од областа на работните односи на вршителките на земјоделска дејност.

    Со усвојувањето на оваа програма, ќе започне реазлизацијата на посебна мерка за финансиска поддршка во износ од 81.000,00 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство.

    Agrobot

    За да нема злоупотреби, битно е јасно да се разграничи дека целната група која ќе ја имаа оваа поддршка. Тоа се жените кои имаат статус на осигуреник Индивидуален земјоделец. Стекнат согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Кои законите од областа на работните односи не ги препознаваат како лица во работен однос. Поради што не можат да остварат платено породилно отсуство.

    Жените кои статусот на Индивидуален земјоделец го стекнале согласно Законот за вршење на земјоделска дејност. Се вработени лица и тие го остваруваат правото на платено породилно отсуство. Финансиска поддршка за надоместок за мајчинство, ќе се доделува на жена која родила дете во периодот од 01.12.2022 до 01.12.2023 година.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Жената треба да ги ги исполнува следните услови:
    • – Да е запишанa во единствениот регистар на земјоделски стопанства како носител или член на семејно земјоделско стопанство,
    • – Семејното земјоделско стопанство во кое членува, да остварило финансиска поддршка согласно Програмата за финасиска подршка во земјоделството за 2021 година во износ од најмалку 100.000 денари. Или остварен приход од вршење на земјоделска дејност во висина од најмалку 300.000 денари.
    • – Да има непрекинат статус на осигуреник Индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Во времетраење од 12 месеци пред раѓање на детето.

    Програмата е изработена на иницијатива и во директна соработка со жените вршителки на земјоделска дејност. Кои работат и живеат во рурални средини и остваруваат приход од земјоделска дејност, а досега не примале платено породилно отсуство.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img