Чајот од хибискус е многу здрав, богат е со антиоксиданси. Особено е корисен во поглед на нормалното функционирање на срцето и црниот дроб.
Хибискусот, освен што е убав цвет, тој е прекрасна и корисна билка. Етеричното масло од хибискус исто така има голем број на здравствени придобивки, благодарение на полифенолите во него.
Во продолжение прочитајте за кои придобивки станува збор доколку консумирате овој чај.
Полн со антиоксиданси
Антиоксидансите се молекули кои го штитат организмот од соединенијата наречени слободни радикали кои предизвикуваат оштетување на вашите клетки. Чајот е богат со моќни антиоксиданси и затоа може да помогне да се спречат оштетувањата и болестите предизвикани од акумулацијата на слободните радикали.
Го намалува крвниот притисок
Една од најпознатите придобивки на чајот е тоа што може да го намали крвниот притисок. Со текот на времето, високиот крвен притисок може дополнително да го оптовари срцето и да го зголеми ризикот од срцеви заболувања. Неколку студии, од друга страна, покажале дека чајот може значително да го намали крвниот притисок.
Може да ги намали маснотиите
Освен што го намалува крвниот притисок, некои студии покажале дека чајот може да помогне во намалувањето на нивото на маснотии (лош холестерол и триглицериди) во крвта, кои се уште еден фактор на ризик за срцеви заболувања.
Може да го зајакне здравјето на црниот дроб
Од производство на протеини до разградување на мастите, црниот дроб е од суштинско значење за вашето целокупно здравје. Одредени истражувања покажале дека екстрактот од оваа билка поволно влијае врз здравјето на црниот дроб и му помага да работи ефикасно. Така, едно истражување од 2014 година на 19 луѓе со прекумерна тежина покажало дека земањето екстракт од хибискус за 12 недели ја подобрува стеатозата на црниот дроб (акумулација на маснотии во црниот дроб). Сепак, сите овие студии ги проценувале ефектите на екстрактот, наместо чај. Потребни се дополнителни истражувања за да се открие како чајот од хибискус влијае на здравјето на црниот дроб кај луѓето.
Содржи соединенија кои можат да помогнат во спречување на рак
Хибискусот е богат со полифеноли, соединенија кои поседуваат моќни антиканцерогени својства. Така, едно истражување открило дека екстрактот од листот на хибискусот го спречува да се шири ракот на простата, а неговите компоненти, исто така, можат да го спречат растот на други видови клетки на рак, вклучувајќи рак на дојка, желудник и кожа.
Може да помогне во намалувањето на растот на бактериите
Бактериите се едноклеточни микроорганизми кои можат да предизвикаат различни инфекции, почнувајќи од бронхитис до пневмонија до инфекции на уринарниот тракт. Покрај тоа што има антиоксидантски и антиканцерогени својства, некои студии откриле дека хибискусот може да помогне и во заштитата од бактериски инфекции.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.
А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK