Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

23.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

More
    домаситеРакија од жалфија - посилна од кој било антибиотик

    Ракија од жалфија – посилна од кој било антибиотик

    petel baner

    Ракија од жалфија – Лек за разни воспалителни процеси, болки во грлото, воспаление на мочниот меур, против кашлица, против воспаление на слузокожата, дијареа, плакнење на непцата.

    Жалфијата е едно од најстарите лековити растенија. Приказната ќе ја започнеме со една стара латинска поговорка „Зошто да умре човек, кога жалфија расте во неговата градина“. Ова можеби најдобро ни кажува за важноста на жалфијата и колку е позната и препознаена како исклучителен лек за многу болести уште од античко време.

    Жалфијата е лек за разни воспалителни процеси, болки во грлото, воспаление на мочниот меур, против кашлица, против воспаление на слузокожата, дијареа, плакнење на непцата, го намалува лачењето на потните жлезди.

    Жалфијата помага при висока телесна температура, болки во телото и треска кои се појавуваат пред настинка.

    Ракија од жалфија

    250 грама свежи листови жалфија (ако ги немате, можете да употребите и сушени) натопете во 1,5 литар чиста домашна ракија.

    Оставете така да отстои 3 недели, па процедете и додадете 1,5 килограм багремов мед.
    Истурете во стаклени шишиња и оставете да отстои уште 3 недели.

    Протресете го понекогаш и пијте по една мала лажичка еднаш дневно. Имајте предвид дека ова е исклучително здрав и добар рецепт за целото семејство.

    Тинктура за превенција од болести

    Додадете 20 грама ситни листови жалфија во децилитар 70% етил алкохол.

    Оставете да отстои на топло место еден месец.

    Ставете околу 15 капки во малку вода и пијте 3 пати на ден. Децата и бремените жени не треба да го користат ова.

    Жалфија и цимет против бронхитис:
    Научно е докажано дека циметот убива голем број бактерии, дури и оние кои се отпорни на антибиотици.

    Само една лажичка цимет убива дури 99,5% од бактериите за само три дена.

    Растопете две лажици шеќер и прелијте го со половина литар млеко.

    Кога ќе зоврие тргнете го од оган и додадете една лажичка ситна жалфија и половина лажичка цимет во прав.

    Оставете вака да отстои десетина минути и процедете и пијте три пати на ден.

    Кога не треба да користите жалфија

    Жалфијата не треба да ја користат бремени жени, доилки и луѓе кои страдаат од епилепсија.

    Agrobot

    Несакани ефекти

    Иако е природен лек, понекогаш може да предизвика несакани ефекти како што се:

    – гадење;
    – повраќање;
    – вртоглавица.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Чајот од жалфија не треба да се пие повеќе од две недели бидејќи постои можност да настанат токсични ефекти поради присуството на тујонот.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img