Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

More
    домаситеЛековити растенија кои ја неутрализираат мачнината при патување

    Лековити растенија кои ја неутрализираат мачнината при патување

    petel baner

    Ако имате проблем со мачнина при патување со автомобил или брод, побарајте помош од природата. Мачнината при возење може да се неутрализира со ѓумбир и маточина.

    Во текот на летото сите сакаме да патуваме, или на море или на планина или на некое друго прекрасно место во природа. Меѓутоа, возењето со автобус или автомобил на високи температури и по патишта полни со кривини прави многу луѓе да се чувствуваат лошо. За да не ви го расипе патувањето оваа болест, можете да побарате помош од природата. Постојат неколку моќни растенија, а едно од нив е ѓумбирот.

    Otkup na kompiri

    Лековити растенија против мачнината при патување

    За оние таканаречени патни болести, за мачнини предизвикани од возење, ѓумбирот е еден од најдобрите лекови. Некои истражувања спроведени во Индија покажуваат дека ѓумбирот делува исто толку моќно како и некои синтетички дроги. Затоа совет, сите кои страдаат од ваков вид на проблем да се напијат шолја чај од ѓумбир пред да патуваат. Покрај чистиот ѓумбир во сува или свежа форма, добра комбинација е и мешавината од ѓумбир и нане.

    – Корен свеж ѓумбир со големина на палец е доволен за една шолја чај. Исецкајте го, ставете го во ладна вода, оставете да зоврие. Кога ќе зоврие додадете една лажичка суви листови нане. Покријте, оставете да отстои дваесетина минути, процедете и пијте додека е топол. Ова треба да се направи 45 минути до половина час пред патувањето и да се пие полека во мали голтки.

    Оние кои не сакаат да пијат топли напитоци во текот на летото, иако се препорачува, можат да направат лимонада.

    Лимонада со ѓумбир и нане

    Изрендајте ѓумбир и измешајте го со свежо исцеден лимон и вода, додадете малку сечкано нане и напитокот е готов кој можете да го пиете за време на патувањето.

    agrounik

    Ѓумбирот е одличен како заштита од многу видови на вируси, настинки и грип и го штити желудникот. Ова е особено важно во лето кога се чести стомачните инфекции. 

    Освен ѓумбир, маточината може да се користи и за спречување на мачнини при возење, а особено се препорачува за децата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Маточината е добра за трудниците и за сите оние кои патуваат со авион бидејќи е и анксиолитик, т.е. има смирувачки ефект. Чајот од маточина може да се излади и да се пие во мали голтки пред и за време на патувањето.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img