Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

8.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

More
    домасите"Нездрави“ намирници кои треба да ги јадете почесто

    “Нездрави“ намирници кои треба да ги јадете почесто

    petel baner

    Претходните години експертите ни објаснуваа дека речиси се што сме конзумирале и сакале до сега не е баш најздраво. Некои од нас го послушаа советот, некои не. Сепак сите ќе бидат среќни кога ќе дознаат дека некои намирници кои биле „забранети“ сепак можат да се вратат на трпезариската маса.

    До втората половина на минатиот век, храната како што е путерот заземала важно место во исхраната. Потоа започнале приказните за неговата штета по здравјето. Тогаш на сцена стапил маргаринот, чија состојка – транс масните киселини, лекарите ја оцениле како спас во борбата против холестеролот. Денес, кога е зголемена свеста за индустриски преработените производи и имаме сознанија за нивната штетност, маргаринот стана минато. Од друга страна, научниците откриле дека заситените масти од путерот го зголемуваат нивото на добриот холестерол и го намалуваат нивото на триглицериди, масни наслаги во крвта.

    Otkup na kompiri

    Пиво

    Пивото е сосема природен и биолошки избалансиран производ, поради што со право се класифицира како течна храна. Енергетската вредност на еден литар пиво одговара на енергетската вредност на еден литар полномасно млеко.
    Главната состојка на пивото, хмељот, е богата со антиоксиданси, кои, како што покажаа многу истражувања, се одговорни за одржување на мускулната маса и забрзување на метаболизмот. Но, правилото кога се пие пиво, како и кај другите алкохолни пијалоци, е да не се претера!

    agrounik

    Компир

    Најскромниот зеленчук ја изгуби својата слава на трпезата во моментот кога беше означен како една од “најдебелите” намирници. Во реалноста, пак, погрешниот начин на подготовка на храната е единствениот виновник за вишокот килограми. Доколку не се меша со масло, маргарин или павлака, компирот е многу здрав, а тоа го потврдува и фактот дека е богат со минерали и витамини. Ако го подготвувате варен, треба да најде место во вашата исхрана, бидејќи влакната ве одржуваат сити и обезбедуваат добро варење.

    Јајца

    Долго време лекарите не препорачуваа јадење јајца бидејќи се вели дека тие го зголемуваат нивото на холестерол и го загрозуваат срцето. Меѓутоа, во последниве години, истражувањата ги вратија јајцата на пиедесталот како многу здрава храна. Јајцата се еден од најдобрите извори на холин, содржат антиоксиданси лутеин и зеаксантин, содржат јаглехидрати кои го продолжуваат чувството на ситост, а содржат и амино киселини кои го олеснуваат телото да ги апсорбира протеините. Затоа секогаш запомнете ја старата изрека: Јајцата секое утро му даваат сила на телото.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Свинска маст

    Што, вие сте изненадени дека свинската маст зема место во оваа листа намирници? Имено, нејзиниот углед е нарушен со тврдењата дека нејзиниот состав му штети на здравјето на луѓето. Најновото истражување сепак ја оценува како здрава за организмот во некои сегменти. Свинската маст се состои од 40 проценти заситени масти, а незаситените масти се олеинска киселина, која му помага на срцето и е поврзана со пониско ниво на лошиот холестерол.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img