Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

12.8 C
Skopje
Saturday, March 2, 2024

More
    домаАгро ВестиСо вино до помал ризик од деменција

    Со вино до помал ризик од деменција

    Agrobot

    Во Јапонија очекуваниот животен век е повеќе од 85 години, што ја рангира оваа островска земја меѓу светските рекордери. Долговечноста на Јапонците одамна е предмет на научни истражувања. Истражувачите од Универзитетот во Осака и Геронтолошкиот институт во Токио се обидоа да ја утврдат врската помеѓу начинот на живот, возраста и општото здравје преку многу детална студија. Еден од наодите (повторно) покажува дека умереното консумирање вино е поврзано со зачувување на когнитивните функции и понизок ризик за деменција.

    Студијата следела 1.226 жени и мажи во Јапонија на возраст од 75 до 87 години за две години. Меѓу другото, им биле поставувани прашања за моделите на конзумирање на алкохолни пијалоци. Во исто време нивните когнитивни функции биле измерени со помош на јапонската верзија на тестот за когнитивна проценка во Монтреал (MoCA). Тој е создаден да им помогне на лекарите во утврдувањето на раната деменција и Алцхајмерова болест. Истражувачите утврдиле колку често испитаниците пијат различни видови на алкохолни пијалоци – пиво, вино, виски, дестилати од јапонски ориз и саке.

    – Ја испитавме врската помеѓу нивото на когнитивните функции и консумацијата на алкохол. Најдовме само значајна врска со виното – изјави авторот на студијата Јуја Акаги за „Wine Spectator“ и додаде:

    – Ова сугерира дека супстанциите поврзани со виното влијаат на когнитивните функции, особено антиоксидансите како полифенолите.

    Акаги додаде дека црвеното вино содржи повеќе полифеноли од белото вино., особено ресвератрол. Постои голема веројатност дека белото и црвеното вино се многу различни кога станува збор за влијанието врз менталните функции. Поточно, испитаниците кои изјавиле дека консумираат алкохол еден до шест пати неделно имаат највисока оценка на тестот за когнитивна функција. Тоа е значително повисока од оние кои воопшто не пијат и од оние кои пијат секој ден. По дополнително „филтрирање“ на податоците од студијата, утврдено е дека потрошувачите на вино покажуваат значително подобри резултати од конзументите на други пијалоци.

    petel baner

    Студијата на Акаги, сепак, не сугерира конзумирање големи количини на алкохол – повеќето субјекти се умерени консументи.

    Истражувачите изјавија дека е можно и контекстот во кој се пие виното (тоа е обично многу пријатна социјална активност), да има позитивно влијание врз зачувувањето на менталните функции.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    – Времето поминато во дружење и разговор со пријателите и семејството може позитивно да влијае на когнитивните функции – рече Акаги.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img