Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

5.8 C
Skopje
Thursday, December 5, 2024

More
    домаАгро Забава„Железна дама“: Издржлива билка наменета за секој простор

    „Железна дама“: Издржлива билка наменета за секој простор

    petel baner

    Името на оваа билка е аспидистра, а позната е и под името „железна дама“ или „железен цвет“.

    Ова растение има репутација на неуништлива собна билка. Таа може да преживее многу занемарувања и да живее во услови во кои многу други билки би овенале.

    Има зелени, долги листови кои го привлекуваат вниманието со својата убавина и големина. А кога се одгледува на отворено, аспидистрата може и да расцвета. Цветовите обично не се појавуваат кога се чува во затворен простор.

    Otkup na kompiri

    Помеѓу предностите на ова растение со потекло од Јапонија и Тајван е фактот што прилично бавно расте и не спаѓа во оние билки кои ви го „окупираат“ просторот преку ноќ, па затоа е одлична за одгледување во мали простори.

    Кога е во прашање сместувањето на аспидистрата во вашиот дом, нејзе нема да ѝ сметаат ни оние делови на кои ништо друго не успеало. Таа секогаш е зелена, а може да поднесе постојана сенка. Или било која друга локација на која нема да добива директна сончева светлина.

    Што се однесува до полевањето, тоа е потребно кога земјата ќе се исуши. Ова растение сака умерена количина на влага во земјата – благо влажна, но не целосно влажна земја. Земјата која е предолго влажна може да предизвика скапување на корењата. Па затоа пред повторно да ја залеете, оставете добро да се исуши.

    agrounik

    Повеќето грешки што се однесуваат на ова растение вклучуваат прекумерно наводнување и ставање на растението на директна сончева светлина. Што може да ги избели и изгори неговите лисја.

    Северната страна на вашиот дом и локацијата која не е веднаш до прозорец е идеална локација за аспидистрата. Мора да имате на ум дека ова растение не е отпорно на студ – престојот на прениска температура може да го оштети, па дури и да го убие.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Во текот на пролетните и летните месеци, растението еднаш месечно потхранете го со течно ѓубриво.

    Аспидистрата е исклучително издржлива билка која со минимална грижа ќе изгледа одлично. Сè додека ја одгледувате во соодветни услови, таа нема да ви задава никакви проблеми.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img