Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ВестиРурален развој 2023

    Рурален развој 2023

    petel baner

    Рурален развој 2023 – еве за што и како ќе се издвојуваат пари во 2023 година. Вкупно ќе се потрошат 1,3 милијарди денари.

    Земјоделците преку новата мерка за поддршка на бизнис план во земјоделството добиваат можност со јавен повик отворен во текот на целата година сами да одберат за каква инвестиција ќе аплицирааат. Преку оваа мерка ставаме на располагање неповратен грат до 10.000 евра за модернизација и развој на македонското земјоделство.  

    Otkup na kompiri

    Младите земјоделци кој сакаат да започнат со земјоделска дејност преку грантот од 10.000 евра кој може да се исплати авасно до 40%, како неповратна финансиска поддршка за започнување со земјоделска дејност на млади земјоделци, кои за прв пат започнуваат да се занимаваат со земјоделска дејност преку преземање на постоечко земјоделско стопанство или со воспоставување на ново земјоделско стопанство.

    Со оваа мерка се обезбедува и грант до 20.000 евра како неповратна финансиска помош наменета за зголемување на одржливоста на земјоделската дејност на семејните земјоделски стопанства.

    Поддршка за поттикнување на земјоделско производство обезбедуваме грант до 20.000 евра како неповратна финансиска помош наменета за зголемување на одржливоста на земјоделската дејност на семејните земјоделски стопанства. Овозможивме услови корисниците на оваа мерка поддршката да можат авансно да ја добијат до 40% од вкупната вредност на одобрениот износ.

    Се уште важи и мерката за руралните жени евидентирани во ЕРЗС, преку мерката за поддршка на активен женски член во земјоделско домаќинство, каде е обезбедена грант поддршка до 6.000 евра како неповратна финансиска поддршка за инвестиции кои ќе допринесат за развој на руралните средини.

    Еве уште некои работи на кој што ќе се трошат пари во 2023

    Програмата за финасиска поддршка на руралниот развој обезбедува поддршка за обуки и информирање на земјоделските производители, зајакнување на нивната соработка и поттикнување за економско здружување на земјоделските стопанства преку развој и поддршка на земјоделските задруги.

    Обезбедена е финасиска поддршка за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики, како и поддршка за подобрување на квалитетот за живот во руралните средини, обнова и развој на македонските села.

    Програмата за рурален развој обезбедува и поддршка за меѓународна промоција на македонските земјоделски производи преку учество на саеми и промотивни настани со цел отворање на нови пазари за пласман на домашните земјоделски производи.

    Како успешна мерка и оваа година продолжува поддршката за авионско засејување на облаците. Мерка која има за цел превенција од природни непогоди и неповолни климатски настани врз земјоделските посеви.

    Обезбедени се средства за непречено извршување на активностите на Националната рурална мрежа, која е нова платформа, алатка по европски терк за информирање која на едно место им нуди на земјоделците информации за сите мерки и активности кои им се ставени на располагање.

    agrounik

    Рурален развој 2023

    Милиони евра се вртат во земјоделието а земјоделието во Македонија се повеќе тоне и тоне. Селата се празнат а на политичарите устата им е полна со зборовите рурален развој.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Поздрав добри луѓе па ако ви фаќа око нешто од овие програмиве аплицирајте си и со лесно нека ви е со процедурите 🙂

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img