Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

13.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024

More
    домаАгро ВестиБританците се соочуваат со недостиг од домати

    Британците се соочуваат со недостиг од домати

    petel baner

    Велика Британија се соочува со недостиг на домати од Мароко и Шпанија поради лошите временски услови и строгите ограничувања во тие земји за извоз на овошје и зеленчук.

    – Супермаркетите се прилагодуваат на сегашните услови и се обидуваат да соработуваат со фармерите на земјоделски производи. Се со цел да им обезбедат на клиентите широк спектар на свежа храна. Ова го изјави директорот за одржливост и храна на британскиот малопродажен конзорциум Ендру Опи.

    Британците на социјалните мрежи споделуваат слики од празни полици во супермаркетите.

    Во зимскиот период Велика Британија најмногу увезуваше од Шпанија, Холандија и Мароко. По Брегзит се отежна увозот на свежи производи од земјите на ЕУ.

    Мароканските власти воведоа забрана за извоз на домати, кромид и компири поради загриженост за безбедноста и зголемените цени на храната.

    Исто така, поскапувањето на ѓубривата, поплавите и ниската температура ги погодија посевите во Шпанија и Мароко.

    Портпаролот на Британската асоцијација на одгледувачи на домати рече дека поради отежнатиот увоз има недостиг од домати и дека оваа храна се очекува да се најде на полиците на продавниците до крајот на март или почетокот на април.

    Британските фармери предупредуваат на зголемен притисок поради поскапувањето на енергенсите и ѓубривата.

    Agrobot

    Претседателот на Националниот сојуз на фармери, Дејвид Аксвуд, рече дека трошоците за енергија и временските услови се комбинација на фактори кои довеле до празни полици во супермаркетите, поради што владата треба сериозно да го сфати овој проблем.

    Зголемената побарувачка доведе до пораст на цените, при што килограм домати чинеше 2,09 фунти во јануари 2020 година и 2,96 фунти во јануари оваа година, покажуваат податоците на Националната канцеларија за статистика.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Цените на производите во Велика Британија нагло се зголемија од почетокот на минатата година.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img