Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

25.8 C
Skopje
Wednesday, May 8, 2024

More
    домаАгро ВестиЕвропската комисија воведе нови правила за вакцинација на животните

    Европската комисија воведе нови правила за вакцинација на животните

    petel baner

    Како дел од напорите за решавање на епидемијата на птичји грип во ЕУ, Европската комисија објави нови правила за усогласување на вакцинирањето на животните против најтешките болести.

    Оваа многу заразна вирусна болест се јавува првенствено кај живината и дивите водни птици. Постојат два вида на вирусот: високо патогени и ниско патогени, познати како HPAI и LPAI.

    Минатата година Европа беше погодена од најлошиот бран на птичји грип досега. Во новиот извештај, Европската управа за безбедност на храната (EFSA) пишува за степенот на појава на оваа болест помеѓу октомври 2021 и септември 2022 година, во 37 европски земји. Борбата против ширењето на инфекцијата кулминираше со 50 милиони убиени птици во погодените објекти.

    Објавените нови правила овозможуваат координација на употребата на вакцините во напорите да се спречи или контролира ширењето на болеста.

    Во соопштението на Комисијата се наведува дека со тоа „ќе се овозможи безбедно движење на животните и производите од објектите и зоните каде што е извршена вакцинација“.

    Agrobot

    AVEC, кој го претставува европскиот сектор за месо од живина, истакнува дека чекорот кон заедничка рамка на ЕУ за вакцинација е добредојден. Бидејќи ќе биде сè потешко да се контролира HPAI без вакцина. Тие предупредија дека ова не е решение кое ќе помогне засекогаш да се ослободиме од птичјиот грип.

    Наведуваат дека мора да се преземат и други мерки. Како што е воспоставување програма за надзор за следење на ефективноста на стратегијата за вакцинација. Трошоците ќе бидат високи и не можат да паднат само на производителите.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Новите правила се во согласност со меѓународните стандарди на Светската организација за здравје на животните WOAH. Стапуваат на сила на 12 март 2023 година.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img