Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

14.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

More
    домаАгро ВестиЦените на храната во светот достигнаа најниско ниво од септември 2021 година

    Цените на храната во светот достигнаа најниско ниво од септември 2021 година

    petel baner

    Цените на храната на глобално ниво благо паднаа во февруари, достигнувајќи го најниското ниво од септември 2021 година. Пониските цени на растителните масла, млекото и млечните производи ги надминаа повисоките цени на шеќерот. Ова го објави агенцијата за храна на ОН, ФАО.

    Индексот на цените на храната на ФАО на кошничката основни прехранбени производи во февруари падна за 0,6 отсто во однос на јануари. Тоа се просечни 129,8 поени, што е најниско ниво од септември 2021 година.

    Индексот се намалува 11-ти месец по ред. Тој е за 19 отсто понизок од рекордното ниво забележано во март минатата година, првиот месец од конфликтот во Украина.

    Растителните масла поевтинија во февруари за 3,2 отсто во однос на јануари. Млекото и млечните производи за 2,7 отсто, пресмета агенцијата на ОН за храна и земјоделство.

    Од друга страна, шеќерот порасна за 6,9 отсто на шестгодишен максимум, главно поради намалената понуда од Индија.

    Житариците благо поевтинија, за 0,1 отсто во однос на јануари, како одраз на остриот пад на цените на оризот, што го засени благиот раст на цената на пченицата.

    Цените на месото се задржаа на јануарското ниво.

    Во посебен извештај за понудата и побарувачката на пазарите за жито, ФАО во првата прелиминарна проценка пресмета дека оваа година во светот треба да се произведат 784 милиони тони пченица. Тоа е нешто помалку од 2022 година, но сепак близу до рекордот.

    Северна Америка очекува силен род бидејќи земјоделците ја зголемија засеаната површина поради високите цени, според ФАО.

    Во Европа, според прелиминарните прогнози, производството треба да се намали. Намалување се очекува и во Русија, поради посувите услови на југот и помалку засадената површина под притисок на пониските цени на домашниот пазар.

    Agrobot

    Според извештаите, производството во Украина оваа година би требало да биде значително под просекот. Површината засеана со зимска пченица е намалена за околу 40 отсто под влијание на сериозни финансиски ограничувања, оштетена инфраструктура и блокиран пристап до полињата во одредени делови од земјата.

    ФАО ја потврди оценката според која во сезоната 2022/2023 требаше да произведе 2,77 милијарди тони. Тоа е 1,3 отсто помалку од претходната сезона.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Трговијата со жито треба да се намали за 1,8% во однос на сезоната 2021/2022, на 473 милиони тони, потврди агенцијата на ОН, а залихите на крајот на сезоната, во летото оваа година, треба да бидат помали за 1,2 отсто од на почетокот и падна на 844 милиони тони.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img