Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

21.8 C
Skopje
Wednesday, July 24, 2024

More
    домаАгро ВестиСè помалку се сади шеќерна репка во Франција

    Сè помалку се сади шеќерна репка во Франција

    petel baner

    Годнава, површините под шеќерна репка во Франција ќе се намалат на најниско ниво во последните 14 години.

    И покрај високите цени, земјоделците не се одлучуваат за ова производство поради потенцијалната штета на посевите поради ограничувањата за пестициди.

    Според количината на купеното семе, во 2023 година ќе се посее шест до седум отсто помалку во однос на претходната година, изјави генералниот директор на CGB, Николас Риаланд. Засеана е на 387.000 ха, што е најниско ниво од 2009 година. Во 2022 година површините под шеќерна репка зафаќале 402.000 хектари. Главно се користи за производство на шеќер и етанол.

    Одгледувачите имале слаби приноси во последните години. Минатата година родот бил намален за седум отсто поради сушата. Додека пред две години падот изнесуваше 30 отсто поради појавата на жолтица на шеќерната репка и поради сушата.

    Големата неизвесност околу производството дополнително се зголеми со одлуката на Судот на Европската Унија, кој ја поништи претходната одлука на француската влада да дозволи уште една година употреба на забранетите инсектициди.

    agrounik

    Риаланд наведе дека многу земјоделци купиле семе од шеќерна репка пред одлуката на ЕУ. Француската групација на производители на шеќер, Cristal Union, ја зголеми цената за овогодинешниот откуп по пресудата поради стравувањата од пад на производството.

    Недостаток од 30.000 ха може да има влијание врз производството.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Во исто време, цените на шеќерот во Европа достигнаа рекордни вредности во последните месеци. Последните официјални податоци покажуваат дека за тон шеќер во декември требало да се издвојат 655 евра. Што е за 56 отсто повеќе во однос на истиот период пред една година.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img