Земјоделски протест во општина Градско.
До нас ни стигна во која порака и не замолија да ја објавиме оваа вест.
Земјоделците од општина Градско се собираат и најавуваат дека ќе има протести пред општината во Градско и на патот Градско – Прилеп.
Земјоделски протест
Овие протести ќе се одржат бидејќи не им се исплатени надоместоците за предизвикана штета од измрзнување во 2021 година.
Земјоделците велат дека општината Градскои комисијата за штети и мраз си ја префрлаат вината меѓу себе за тоа какви документи треба да се достават а Земјоделците не можат да си ги наплатат парите од предизвиканата штета.
До сега Земјоделците од општина Градско немаат земено ниту еднаш оштета од претходните години иако пријавувале штети од 2016 година кои што биле одбивани заради бирократски работи на пример пробивање на рокови и нецелосна документација.
Земјоделците од овој реон апелираат до сите што се засегнати од оваа проблематика да излезат на протести и апелираат до општина Градско и МЗШВ што поскоро да изнајдат начин како да се реши ова.
За повеќе корисни стории посетете не на веб страната на земјоделие.мк , како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK