Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

10.8 C
Skopje
Wednesday, April 24, 2024

More
    домаАгро ЗабаваРецепт: Чоколаден леб со банани

    Рецепт: Чоколаден леб со банани

    petel baner

    Бананата и чоколадото се одлична комбинација. Доколку подготвувате класичен леб од банана, додадете во смесата неколку капки чоколадо и уживајте во прекрасниот чоколаден вкус.

    Пробајте го овој одличен рецепт за сладок леб со банана и чоколадо и уживајте во одличниот вкус.

    Потребни состојки:
    • 175 грама брашно
    • 160 грама кафеав шеќер
    • 100 грама чоколадни капки
    • 75 грама стопен путер
    • 20 грама какао во прав
    • 3 зрели банани
    • 1 големо јајце
    • 1 лажичка екстракт од ванила
    • ½ лажичка сода бикарбона
    • прстофат сол
    Начин на подготовка:

    1. Намачкајте го садот за печење со путер и оставете го настрана. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови.

    2. Изгмечете ги бананите со виљушка. Измешајте ги со растопен путер, кафеав шеќер, јајце и екстракт од ванила.

    3. Во друг сад измешајте ги сувите состојки: брашното, какаото во прав, сода бикарбона и солта.

    Agrobot

    4. На крајот додадете ги капките чоколадо.

    5. Префрлете ја смесата во сад за печење и ставете ја во загреана рерна на 180 степени целзиусови околу 50 минути или додека целосно не се обработи термички.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    6. Изладете го чоколадниот леб од банана пред да го послужите. На здравје!

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img