Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

5.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024

More
    домаситеКафе со цимет

    Кафе со цимет

    petel baner

    Која е првата асоцијација со помислата да го испиете првото утринско кафе со цимет? Доколку ви кажевме веднаш би го вклучиле како задолжително.

    Навикнати сте да консумирате цимет само во колачи или во супи. Време е да ги промените вашите навики и да бидете отворени за нови вкусови.

    Циметот е совршен извор на витамини, особено железо, калциум и витамин Ц. Комбинацијата на сите овие витамини и минерали ќе го забрза вашето тело и ќе го намали нивото на шеќер и холестерол во крвта, доколку ги имате овие проблеми. Исто така, циметот е одличен за намалување на менструалните болки.

    Доколку сте на каква било диета, циметот ќе ви помогне во тоа. Ќе послужи за да го измами вашиот глад, а помага и со додавање во чај или лимонада.

    И покрај тоа што комбинацијата на кафе со цимет е сè уште невообичаена за вас, таа ќе ви помогне на вашето здравје. Задолжително пробајте го овој метод и ќе „експлодирате од здравје“.

    Кафе со цимет

    Додадете 1/4 лажичка цимет во шолја кафе и вашиот организам е подготвен да се одбрани од вируси и бактерии. Покрај одличната арома што ќе ја добиете, ќе му направите услуга и на вашето тело.

    Agrobot

    Слушајте го вашето тело и ќе видите како ќе имате повеќе енергија во текот на денот. Ќе бидете помалку надуени, а бидејќи овој зачин го регулира шеќерот во крвта, ќе ги елиминира нападите на глад и ќе бидете подолго сити.

    Секојдневното додавање цимет во кафето е добро и на долг рок бидејќи помага за зајакнување на имунитетот, па затоа може да се каже дека ве штити од болести.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Истражувањата покажаа дека мирисот на цимет може да ги подобри когнитивните способности, меморијата, извршувањето на одредени задачи и да ја зголеми будноста и концентрацијата.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img