Ако живеете во зграда и размислувате да посвоите домашно милениче, размислете за следните најтивки раси на кучиња.
Како што пишува „The Spruce Pets“, најтивки раси на кучиња кои не лаат, за да не ги нервираат соседите, се ретки, па ви ги претставуваме во продолжение:
Овие се обично тивки и независни кучиња, иако можат да бидат разиграни во друштво на нивните омилени луѓе.
Тие се многу лојални на своите семејства.
Четирите најтивки раси на кучиња
Акита
Акитите можат да бидат одлични кучиња чувари и обично лаат само за да ве предупредат на опасност.
Тие се исклучително лојални и формираат силни врски со само неколку луѓе.
Затоа се повлечени во друштво на непознати.
Басенџи
Басенџи е раса која не лае, туку испушта чуден звук на јодлање.
Расата не е особено бучна, но не е ниту тивка.
Кога се возбудени, сопствениците можат да служнат лелекање од овие енергични кучиња.
Чау Чау
Овие кучиња не лаат освен ако не почувствуваат опасност, но дури и тогаш не се особено гласни.
Понекогаш има репутација на агресивно куче, но тоа е најмногу затоа што сака да се заштити себеси и своето семејство.
Шкотски овчар
Интелигентни и атлетски градени, кучињата ќе бидат тивки додека немаат нешто важно да „кажат“.
Оваа нежна раса ќе се вклопи во речиси секој дом.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро забава, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK