Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

19.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

More
    домаАгро ВестиЦената на шеќерот достигна највисоко ниво во последните 6 години

    Цената на шеќерот достигна највисоко ниво во последните 6 години

    petel baner

    Цените на шеќерот во Европа последниве месеци достигнаа рекордни вредности. Во февруари цента на шеќерот порасна за 6,9 насто во однос на јануари.

    Ова е највисоко ниво на шеќерот во последните 6 години. Во декември тон шеќер чинеше 655 евра, што е за 56 насто повеќе во споредба со истиот период пред една година.

    Кондиторската индустрија, на која шеќерот им е основна суровина, се бранува. Можни се нови поскапувања на нивните производи, како пред крајот на минатата година. Што може да доведе до намалена потрошувачка и неизвесна иднина на производствените капацитети.

    Agrobot

    Експертите немаат добра прогноза ниту за цената на шеќерот во Европа. Бидејќи од Франција доаѓаат лоши вести за енормно намалување на површините под шеќерна репка. И производителите и преработувачите се загрижени дали ќе има доволно шеќер.

    Франција, каде се очекува најслабо сеење шеќерна репка во изминатите 14 години. Сушата, болестите и одлуката на судот на Европската унија за забрана на пестицид што се користи за заштита на шеќерната репка резултираа со помали засадени површини. И производителите и преработувачите се загрижени дали ќе има доволно шеќер, пишува Reuters.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Одгледувачите имаат слаби приноси во последните години

    Минатата година родот беше намален за 7% поради сушата. Додека пред две години падот беше 30% поради појавата на жолтило на шеќерната репка. Големата неизвесност околу производството дополнително се зголеми со одлуката на судот на ЕУ. Кој ја поништи претходната одлука на француската влада да дозволи уште една година употреба на забранетите инсектициди. Многу земјоделци купиле семе од шеќерна репка пред одлуката на ЕУ.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img