Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на директни плаќања за обележани грла овци, обележани грла кози и женски приплодни грла – маторици.
Корисници на мерката за обележани грла овци се земјоделските стопанства одгледувачи кои поседуваат најмалку 30 грла овци од сите категории евидентирани во Регистерот на одгледувалишта. Вкупната исплатена финансиска поддршка изнесува 553,9 милиони денари за 2 664 одгледувачи.
Корисници на мерката за обележани грла кози се земјоделските стопанства одгледувачи на овци кои поседуваат најмалку 10 грла кози од сите категории евидентирани во Регистерот на одгледувалишта на кози. Вкупната исплатена финансиска поддршка изнесува 53,5 милиони денари за 1 439 одгледувачи.
Корисници на мерката за женски прилолдни грла – маторици се земјоделските стопанства кои поседуваат минимум 6 грла маторици. Вкупната исплатена финансиска поддршка изнесува 9,96 милиони денари за 375 одгледувачи.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK