Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

12.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

More
    домаАгро ЗабаваКои намирници кои содржат најмала количина пестициди?

    Кои намирници кои содржат најмала количина пестициди?

    petel baner

    Пестициди – делуваат превентивно против штетници и болести кај овошјето и зеленчукот, но може да имаат штетно влијание врз здравјето на луѓето.

    Американското здружение за животна средина (EVG) состави листа на храна која има најмалку пестициди.

    Еве кои намирници сe се најдоа на листата:

    Печурки – Иако растат од земјата, на нив нема ништо валкано. Но пред јадење секако мора добро да се исчистат од земјата и прашината. Тие се исклучително вкусни во различни јадења. А некои експерти ги прогласија за суперхрана кога станува збор за заштита од ковид 19.

    Карфиол – Оваа храна не само што е чиста, туку е и одличен извор на влакна и може да помогне при слабеење. Овој зеленчук е одлична храна која треба да ја вклучите во вашата исхрана.

    Киви – Можеби не е вашиот прв избор на овошје, но содржи многу малку пестициди и треба да се вклучи во исхраната. Можеби не сте знаеле, но кората од киви е полна со влакна. А доколку сакате да ја јадете, задолжително претходно добро измијте ја.

    Зелка – Ова е интересна храна која произведува компоненти кои ќе ги одвратат инсектите. Што значи дека одгледувачите не мора да користат пестициди за да ги избркаат инсектите од зелката. Бидејќи ова е исклучително здрава храна, дефинитивно треба да се јаде почесто.

    Брокула – Брокулата има моќ и да ги одбива инсектите, па не е ни чудо што многу малку пестициди се пронајдени при истражувањето на брокулата. Не мора да споменуваме колку е здрава. Од неа можете да направите супа, да ја додадете во чорби или да ја грицкате свежа.

    Agrobot

    Аспарагус – Доаѓа времето на аспарагусот, а сигурни сме дека многумина од вас го обожаваат овој деликатес. Ако не сте љубител на аспарагус, можеби ќе треба да научите како правилно да го подготвите. Тој содржи ензими кои можат да ги разградат пестицидите кои служат за одбрана од инсекти. Што може да се објасни зошто тој не содржи многу пестициди.

    Модар патлиџан – Модриот патлиџан е уште една здрава храна која треба често да ја јадете, само треба добро да го измиете пред подготовка.

    Кромид – Иако расте во земја, кромидот е намирница која содржи многу малку пестициди. Па можете без страв да го користите при подготовка на секое јадење.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Авокадо – Љубителите на авокадо ќе уживаат во информацијата дека ова е една од најчистите намирници што можете да ги најдете во продавница. Благодарение на заштитниот слој кој спречува пестицидите да влезат во внатрешноста. Веројатно знаете колку е здраво авокадото, па затоа вклучете го во вашите оброци.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img