Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

10.8 C
Skopje
Tuesday, March 19, 2024

More
    домаАгро ЗабаваЛикер од кафе – Фантастичен вкус и арома, едноставна подготовка

    Ликер од кафе – Фантастичен вкус и арома, едноставна подготовка

    petel baner

    Домашниот ликер од кафе ќе ве воодушеви со својот вкус и арома, но и со многу едноставната подготовка. Можете да го користите и како додаток за подготовка на разни колачи и десерти.

    Ликер од кафе е вистинскиот пијалок за сите љубители на овој популарен пијалок. Лесно се прави од само неколку состојки, а може да се користи како додаток за подготовка на разни десерти и колачи. Важно е да го изберете најфиното кафе и да го оставите да отстои три до четири недели пред употреба, бидејќи колку подолго стои, толку ќе биде поубаво и повкусно.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Состојки:

    • 100 гр мелено кафе
    • 600 мл вода
    • 300 гр шеќер
    • 250 мл вотка

    Подготовка:

    Во тенџере се става водата да зоврие, па се додава ситно меленото кафе и се вари. Оставете го талогот да се смири, а потоа филтрирајте низ хартиен филтер. Истурете го кафето во тенџерето, додадете шеќер, па повторно сварете сè. Повремено мешајте за да се раствори целиот шеќер. Кога ќе зоврие, тргнете го од шпоретот, налејте го со алкохол и веднаш поклопете. Се остава покриено да се излади целосно. Изладениот ликер процедете го уште еднаш низ филтер, истурете го во стаклено шише и затворете го капакот. Оставете го да отстои три до четири недели пред да го користите, и колку подолго стои, толку поубав ќе биде.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро забава, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img