Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

1.8 C
Skopje
Friday, March 15, 2024

More
    домаАгро ВестиЗаштитена географска ознака „Преспанско јаболко“ за потврда на автентичноста

    Заштитена географска ознака „Преспанско јаболко“ за потврда на автентичноста

    petel baner

    Вкупно 17 прозиводители на праспанско јаболко, кои успешно ја поминаа верификацијата ќе можат непречено да го користат заштитениот географски назив „Преспанско јаболко“.

    -Со заштитата на „Преспанско јаболко“, географскиот назив се заштитува од имитација, злоупотреба и лажно декларирирање. Всушност се заштитува угледот и автентичоста на овој произод. Потрошувачите кои ќе видат производ јаболко што ја носи оваа ознака, можат да бидат сигурни дека ќе конзумираат автенитечен производ. Однопсно производ од Преспанскиот регон со загарантиран квалитет, наведува МЗШВ.

    Agrobot
    Земјоделската задруга ЗЗ Преспанка – преспанско јаболче од Ресен, кон крајот на 2021 година поднесе барање за регистрација на географска ознака до Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство. За таа цел се формираше Стручна комисија за спроведување постапка за регистрирање на заштитена географска ознака – Преспанско јаболко.

    – Стручната комисија во целост ја запази постапката за регистрација при што донесе две одлуки. Барањето, ревидираниот елаборат и пропратната документација за регистрирање на заштитена географска ознака – Преспанско јаболко се основани. Предлог контролниот план изработен од страна на Државниот инспекторат за земјоделство за верификација на соодветноста на производот со елаборатот е основан. Врз основа на горенаведените одлуки, министерот за земјоделство донесе одлука за одобрување на контролниот план. Како и Решение за регистрација на заштитена географска ознака – Преспанско јаболко, информира МЗШВ.

    Државниот инспекторат за земјоделство, согласно одобрениот контролен план, изврши верификација на соодветност на лице место на површините со јаболка кај секој поединечен член на земјоделската задруга ЗЗ Преспанка – Преспанско јаболче од Ресен. Достави Извештај за завршена верификација врз онсова на кој министерот потпиша 17 решенија на прозиводители на праспанско јаболко. Кои во иднина ќе можат непречено да го користат заштитениот географски назив.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    – Ова е голем успех. Министерството останува отворено за поддршка на сите кои сакаат да го заштитат својот производ со некоја од ознаките за квалитет. Заштитена географска ознака, ознака за потекло и загарантиран традицонален специјалитет, истакнува МЗШВ.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img