Агросал – Бор
Борот е многу важен за стимулирање на оплодувањето, односно за заврзувањето на плодот, за нормален пораст на леторастите, учествува во создавањето аминокиселини и протеини, неопходен е за формирање на клеточниот sид итн. Недостигот на овој елемент се манифестира со бледозелена боја на лисјата, послабо цветање и заврзување плодови, лисјата се дебели, брановидни и кршливи, а во плодовите кај некои култури може да се забележат кафеави плутени петна.
Agrosal Бор 8 % се користи за коригирање на недостигот на бор кај земјоделските култури.
Се препорачува за апликација во фазата пред цветање и во фазата на масовно цветање. Како резултат на апликацијата на Agrosal Бор 8 %, растенијата правилно се развиваат, цветаат, заврзуваат плодови, односно даваат стабилни и квалитетни приноси. Кај овошните видови и кај виновата лоза се постигнува успешно формирање родни пупки за следната година.
Течно минерално ѓубриво
НАМЕНА НА ЃУБРИВОТО
Течно минерално ѓубриво за примена преку системот за микронаводнување (капка по капка и микродождење) и со фолијарна апликација.
ПРИМЕНА И ЕФЕКТИ ОД ПРИМЕНАТА
Течно минерално ѓубриво кое се користи за коригирање на дефицитот на бор кај земјоделските култури. Се препорачува за апликација во фазата пред цветање и во фазата на масовно цветање и почетокот на образување плодови. Како резултат на апликацијата на Бор 8%, растенијата правилно се развиваат, цветаат, заврзуваат плодови, односно даваат стабилни и квалитетни приноси. Кај овошните видови и виновата лоза се постигнува успешно формирање родни пупки за следната година. Овошките и виновата лоза подобро ги поднесуваат раните есенски и доцните пролетни мразеви.
Преку систем капка по капка и со полевање
Култура | Период на аплицирање | Број на апликации | Дозирање l/1000 m2 со 1 апликација |
Градинарски култури | Цветање и почетно плодоносење | 2-3 апликации на 7 дена | 2-3 l ѓубриво со најмалку 3000-4000 l вода |
Полјоделски култури | Почеток на вегетација или формирање на плодови | 2 апликации | 2 l ѓубриво со најмалку 2000-3000 l вода |
Овошни култури и винова лоза | Веднаш штом дозволат условите за аплицирање вода, сė до фазата заврзување плод-зрно | 2-3 апликации на 7 дена | 2-3 l ѓубриво со најмалку 3000-4000 l вода |
Фолијарна апликација
Култура | Период на аплицирање | Број на апликации | Дозирање ml/1000 m2 со 1 апликација |
Градинарски култури | Почеток на вегетација, до фаза на масовно цветање и плодоносење | 2 апликации на 14 дена | 100 ml ѓубриво со 100 l вода |
Полјоделски култури | Почеток на вегетација или формирање на плодови | 1-2 апликации на 14 дена | 100 ml ѓубриво со 100 l вода |
Овошни култури | По отворање на пупките | 1-2 апликации на 14 дена | 100 ml ѓубриво со 100 l вода |
По берба, пред опаѓање на листовите | 1 апликација | ||
Винова лоза | Цветање и пораст на плод-зрно | 1-2 апликации на 14 дена | 100 ml ѓубриво со 100 l вода |
Ефектот од фолијарната апликација е подобар во раните утрински или во вечерните часови.
Агросал – Бор
НАПОМЕНА
Бор 8 % може да се употребува поединечно или во комбинација со многу пестициди, меѓутоа пред секоја употреба неопходно е да се прочита упатството на производителот на средствата за заштита. Не смее да се меша со бордовска чорба и со други силни алкални средства за заштита.
СКЛАДИРАЊЕ
На температура повисока од +10 °С.
РОК НА УПОТРЕБА
2 години.
СОСТАВ
Бор (B)1 | (8,0 ± 0,4) % (w/v) |
Борна киселина во моноетаноламин (МЕА).
За повеќе корисни стории посетете не на веб страната на земјоделие.мк , како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK