домаАгро ВестиКако се штитат шумите во Бразил?

Како се штитат шумите во Бразил?

Pneumatik baner

Како се штитат шумите во Бразил? Земјите со брзорастечки економии имаат таков земјоделски сектор, што претставува пример за воведување иновативни технологии.

Станува збор за земјоделските сектори на Бразил, Русија, Индија и Кина.

Семенарна хоризонтален банер

Зачувување на шумите

Според експертот за земјоделство на Светска банка, Јиргин Вогле, трансформацијата на земјоделството ќе доведе и до можност да се прехранат девет милијарди жители на планетата. Тоа истовремено ќе донесе просперитет и ќе го намали загадувањето на животната средина.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Кога станува збор за Бразил, нивниот приоритет е да се зачуваат амазонските прашуми.

Имено, брзото проширување на полињата со соја и сточарските фарми во текот на 1990-тите и раните 2000-ти доведоа до алармантно брзо уништување на шумите. Меѓутоа, во текот на последната деценија, активистите и земјоделците, со поддршка на бразилската влада, заштитија околу 86.000 квадратни километри прашума. Тоа е површина малку поголема од 14 милиони фудбалски игралишта.

Тигар лого гиф

Зачувувањето на бразилските шуми спречи ослободување на 3,5 милијарди тони јаглерод диоксид во атмосферата.

Сепак, дури и со овие мерки за ограничување на проширувањето на земјиштето, производството на соја е во пораст. Бразил е на второто место во светот според количината на произведена соја. Причината за тоа е фокусирањето на ефикасноста.

petel baner

Според Министерството за земјоделство на САД, сојата произведена во Бразил во 2014 и 2015 година постигнала рекорден принос од 104,2 милиони тони, 8,6 милиони тони повеќе од претходната година, благодарение на тоа што земјоделците подобро ги користат полињата и ја штитат природната средина.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img