Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

18.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

More
    домаАгро ВестиБрутално на протестите против наводнување во Франција

    Брутално на протестите против наводнување во Франција

    petel baner

    Во Франција е предвидена изградба на 16 мегабазени за наводнување. Минатиот викенд 30.000 демонстранти излегоа на полињата. По пресметката со полицијата пет лица се во критична состојба.

    Илјадници луѓе во Франција се противат на плановите за изградба на голем резервоар за вода за наводнување. Минатата сабота, според локалните власти, се собрале 6.000 демонстранти. Сепак според организаторите, меѓу кои и земјоделци, на местото на идниот базен Сен Солин имало 30.000 луѓе, пишува FranceBleu.

    И покрај забраната за собирање, демонстрантите биле вооружени со пиротехнички средства, молотови коктели и сл. Полицијата се обидела да ги растера со солзавец, водени топови и огнено оружје.

    Речиси 40 повредени

    Конфликтот бил многу брутален и драматичен, а после се, нивната жандармерија пријавила 28 повредени полицајци, седум демонстранти и двајца новинари. Меѓу нив има двајца полицајци и тројца демонстранти во критична состојба. 

    Организаторите на протестот, колективот „Bassines non merci“, движењето Soulèvements de la Terre и Конфедерацијата на селаните се спротивставуваат на изградбата на мегабазени, кои се сметаат за неопходни за наводнување на земјоделските култури бидејќи Франција со години е погодена од големи 
    суши.

    Ова им одговара само на големите? 

    Станува збор за резервоари со отворени води чие дно е непропустливо, а нивната големина може да достигне 10 хектари, односно 10 фудбалски игралишта. Тие не се хранат од дождовница, туку со пумпи кои се наоѓаат во земјата, поточно во површинските подземни води, на длабочина од околу десет метри. 

    Планирано е да се изградат 16 од нив, во сливот на реката Севр Ниортаис, со цел да се обезбеди наводнување на 230 фарми. Противниците сметаат дека од нивната изградба корист имаат само големите производители на жито кои главно се извозно ориентирани, додека малите се целосно запоставени. 

    Дополнително, тие наведуваат дека е бесмислено да се испразни подземната вода, да се складира овој многу вреден ресурс во простор каде што ќе испари пред да се користи за наводнување на земјоделските култури. 

    Agrobot

    Нагласуваат и дека за градбата никој не ги прашал жителите на тоа одделение, бидејќи се работи за вода што ја користат и за пиење. 

    Земјоделците поднесоа тужба

    Од друга страна, како што пишува l’Opinion, земјоделците се трудат максимално да ја завршат работата околу овој проект. Некои се во мешано земјоделство, некои во органско земјоделство. Велат дека им е гнасно што ги сметаат за застапници на агроиндустријата. Исцрпени се, се жалат на заканите што ги добиваат, на истрауматизираните деца кои не смеат да ги носат на нивата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Поднесоа тужба за омаловажување и морално малтретирање. „ Правиме се што можеме. Започнавме дијалог, но со вперен пиштол во вашата глава е тешко “.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img