домаАгро ВестиСточарите со барање за реална откупна цена на јагнешкото

Сточарите со барање за реална откупна цена на јагнешкото

Pneumatik baner

Реална откупна цена на јагнешкото месо бараат сточарите од Брегалничкиот регион.

Сточарите сметаат дека цената од 180 до 190 денари за килограм жива мера не им е ниту исплатилива, ниту доволна за да преживеат.

Наспроти ова во месарниците цената на јагнешко месо се продава по цена од над 540 денари за килограм.

Семенарна хоризонтален банер

Сточарот Омер Бајрам од штипското село Лакавица е единствениот кој останал да чува овци. Посочува дека цената на храна е висока, има многу работа околу овците и јагнињата. А како што вели, на крајот речиси и ништо да не останува. Според него, реалната откупна цена на јагнето треба да биде околу 280 денари.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

-Цената да ти кажам сега за сега е за никаде. 180 до 190 денари жива мера е, а во месарите е 500 до 600 денари во месарнциите. Ние не можеме со ваква цена да останеме, килограм концетрат е 30 денари, јачмен 21 до 22 денари, не сме благодарни од цената. Реалната цена треба да биде барем двојно, оти 100% се е поскапено, минимална треба да е 260 до 280 денари, вели Бајрам за МИА.

Тигар лого гиф

Иако има 400 грла овци, тој не произведува сирење и урда, бидејќи и тоа е неисплатлво, а ниска е и цената на млекото, која се откупува од нив.

-Од нас сточарите млекото го земаат евтино за 50 денари и тоа не е исплатливо. Не е исплатливо, ништо не правиме со него. Лани беше 40 денари, оваа година 50 денари овчо млеко. Едно кафе во кафич е 60-70 денари, а едно литро овчо млеко е 50 денари, вели Бајрам.

petel baner

Забележува дека сточарите само се залажуваат пред празниците, кога цената се качува за одвај десет денари. Бајрам со сточарство се занимава од неговата 15 година.

За повеќе корисни стории посетете не на веб страната на земјоделие.мк , како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img