домаАгро колумнаАгро совет - Во време на цвет

Агро совет – Во време на цвет

Prokredit baner

Агро совет – Во време на цвет еве што треба да се направи.

При цветањето на растенијата многу е важно да падне поленот врз толчникот при што доаѓа до негово оплодување, а покасно и создавање на плод.

Семенарна хоризонтален банер

Во колку поради одредени неповолности недојде до прортување на поленот тогаш ќе нема и создавање на плод. Затоа е многу важно да се стимулира овој процес.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Бор како микро елемент има има голема улога во разни физиолошки и био хемиски функции кај растенијата.

Но една од значајната функција на борот е таа што го стимулира поленот кога ќе падне врз толчникот да прорте и да го оплоде.

Затоа се препорачува пред и за време на цветање растенијата да се третираат(прскаат) со ѓубрива кои содржат висок процент на бор.

Бор 8% се користи за коригирање на дефицитот на бор кај земјоделските
култури, а особено се препорачува кај карфиолот, зелката, марулата, спанаќот,
морковот, броколата, доматот, пиперката, јаболкото, луцерката, шеќерната
репка и др., меѓутоа може да се применува и кај виновата лоза и кај други
култури.

Бор 8% се препорачува за апликација во фазата пред цветање и во
фазата на масовно цветање.

Како резултат на апликацијата на Бор 8%,
растенијата правилно се развиваат, цветаат, заврзуваат плодови, односно даваат
стабилни и квалитетни приноси. Кај овошните видови и кај виновата лоза се
постигнува успешно формирање родни пупки за следната година.

Дефицитот на
бор често се поврзува и со недостигот на влага во почвата, поради што Бор 8%
се препорачува за аплицирање со водата за наводнување, а особено преку
системот за микронаводнување.

Во случај кога не се применуваат техники на
микронаводнување, се препорачува фолијарна апликација.
При оптимална исхрана со макрохранливи елементи и со оптимална влага во
почвата, со Бор 8% преку фолијарната апликација се постигнува одличен ефект.

Ефектот од фолијарната апликација е подобар во раните утрински или во
вечерните часови.

Тигар лого гиф

Преку систем капка по капка и со полевање

КултураПериод на аплицирањеБрој на апликацииДозирање l/1000 m2 со 1 апликација
Градинарски културиЦветање и почетно плодоносење2-3 апликации на 7 дена2-3 l ѓубриво со најмалку 3000-4000 l вода
Полјоделски културиПочеток на вегетација или формирање на плодови2 апликации2 l ѓубриво со најмалку 2000-3000 l вода
Овошни култури и винова лозаВеднаш штом дозволат условите за аплицирање вода, сė до фазата заврзување плод-зрно2-3 апликации на 7 дена2-3 l ѓубриво со најмалку 3000-4000 l вода
Агросал – Бор

Фолијарна апликација

Petel.mk
КултураПериод на аплицирањеБрој на  апликацииДозирање ml/1000 m2 со 1 апликација
Градинарски културиПочеток на вегетација, до фаза на масовно цветање и плодоносење2 апликации на 14 дена100 ml ѓубриво со 100 l вода
Полјоделски културиПочеток на вегетација или формирање на плодови1-2 апликации на 14 дена100 ml ѓубриво со 100 l вода
  Овошни културиПо отворање на пупките1-2 апликации на 14 дена  100 ml ѓубриво со 100 l вода
По берба, пред опаѓање на листовите1 апликација
Винова лозаЦветање и пораст на плод-зрно1-2 апликации на 14 дена100 ml ѓубриво со 100 l вода
Агросал – Бор

М-р Игор Ивановски

За повеќе корисни стории посетете не на веб страната на земјоделие.мк , како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img