Агро совети кои што во иднина ќе ги споделува со сите нас господинот М-р Игор Ивановски.
Преку овие совети ќе ни помага и своето знаење несебично ќе го споделува со сите нас.
Со почетокот на вегетацијата, односно со покачување на температурите се јавуваат и плевелите,особено кај житните култури.
Со цел да се спречи понатамошен раст и појава на површините под житни култури се препорачува нивно уништување со употреба на селективни хербициди.
Во исто време со употребата на селективните хербициди( кои се наменети за употреба кај житните култури) се препорачува и употреба на течни ѓубрива кои содржат амино киселини.
Амино киселините го стимулираат растението подобро да ги издржи стресните ситуации(неповолни климатски услови, дејство на одредени хемикалии и слично).
Иако селективниот хербицид нема да изврши уништување на житната култура(сепак некогаш можат да предизвикаат одредени стагнации) сепак благодарение на амино киселините третираните житни култури нормално ќе продолжат да се развиваат.
Во овој период се препорачува кај рано градинарските култури да се употребуваат течните ѓубрива со амино киселини, во интервали на секои 10 до 15 денови,а со цел да се спречи негативното вилјание на неповолни климатски фактори.
М-р Игор Ивановски ти благодариме.
За повеќе корисни стории посетете не на веб страната на земјоделие.мк , како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK