Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

8.8 C
Skopje
Friday, December 6, 2024

More
    домаАгро советиЗа колку денови никнува пченка?

    За колку денови никнува пченка?

    petel baner

    За колку денови никнува пченка? Температурата е главниот фактор кој влијае на стапката на ‘ртење и успехот на сеидбата.

    Сеењето пченка не е евтино и затоа е неопходно при оваа операција да се почитуваат некои барања кои ќе овозможат зрното брзо да никне. Пред сè, тоа се температурата и влажноста. Сеидбата не треба да се брза, но ниту да се доцни.

    Otkup na kompiri

    Сака топлина и сонце

    Пченката е култура што сака топлина. Минималната температура за сеидба и никнување е 10ºC, а за некои хибриди 8ºC. На температури пониски од тоа, процесите во зрното се забавуваат или престануваат. Со зголемена влага се јавува гниење и влошување на засеаната пченка. Птиците и другите штетници имаат подолг временски период да ги пронајдат, изедат или уништат јадрата. Најчесто тоа се случува кога пролетта е студена и врнежлива, како оваа.

    Температурата на воздухот треба да биде најмалку 13ºC. Тоа го покажува фактот дека на температури меѓу 30 и 35ºC, со доволна влажност, пченката може да никне за една недела, додека на минимална температура на почвата никнува помеѓу 30 и 35 дена. За да никне семето потребно е да апсорбира до 45 проценти вода. На температура од 15 до 16ºC, никнува за околу 10 дена. Ако ‘ртењето траело 20 дена, тоа значи дека температурата на почвата била пониска. Затоа е многу важно да се купат квалитетни семиња, бидејќи тие имаат способност да ‘ртат во овие услови.

    agrounik

    Длабочина на сеење и циркулација на воздухот

    На ритамот на ‘ртење и никнување влијае и длабочината на сеидбата. Оптимално е 5 до 7 cm, а секое зголемување од 2,5 cm го продолжува периодот на никнување за еден ден.

    Циркулацијата на воздухот и осветлувањето се важни.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Ако нема циркулација на воздухот, зрното брзо гние. Пченката е растение кое многу ја сака сончевата светлина. Оптималните температури и осветлувањето ќе дадат здрави растенија кои можат да донесат високи приноси.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img