Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

2.8 C
Skopje
Sunday, March 3, 2024

More
    домаАгро ЗабаваСторил ниет зајко, зајко кокорајко

    Сторил ниет зајко, зајко кокорајко

    Agrobot

    Сторил ниет зајко, зајко да се жени
    зајко кокорајко, токмо младожења
    Сторил ниет зајко, зајко да се жени
    зајко кокорајко, зајко да се жени, зајко кокорајко
    зајко сербеслија упрчил мустаќи
    си натресол гаќи, нагрнал џамадан
    капа писќулија, море, токмо младожења.

    Ми оженил зајко лиса удовица
    свеска испосница, личи на невеста.
    Ми поканил зајко, китени сватови
    мечка месарија, вучица кумица, ежо тапанџија.
    Се накити лиса, лиса удовица,
    маза размазана, селска визитарка.
    Кога виде зајко, ‘рти ем ловџии,
    се уплашил зајо, личен младожења.

    Па си тргна зајко, низ Солунско поле,
    там’ си сретнал зајко, до два-три ловчии
    ем они си носат пушки сачмајлии,
    ‘рти ем загари, све одбор ловџии,
    море, силни нишанџии.
    Па си летнал зајко, зајко да ми бега,
    зајко кокорајко, лишен младожења
    си искинал гаќи, размрсил мустаќи,
    искинал гаќи, расмрсил мустаќи,
    искинал џамадан, викнал, се провикнал:
    – Море не сум младожења!

    Сторил ниет зајко, зајко кокорајко кликни за да ја слушнеш песната.

    кликни за да ја слушнеш песната

    — (друга верзија) —

    Сторил ниет зајко, зајко кокорајко,
    зајко да се жени, зајко сербезлија
    си натресол гаќи, упрчил мустаќи
    нагрнал џамадан, капа пискулија
    море, токмо младожења.

    Ми посвршил зајко лина удовица
    китка накитена, маза размажена
    посната џимрика, светска испосница,
    море, селска визитарка.

    Ми поканил, зајко, китени сватови
    мечка месарија, вучица кумица,
    жаба зурлаџика, ежо тупанџија,
    овен есапџија, мурџо аберџија,
    зајко кокорајко,
    си натресол гаќи, упрчил мустаќи
    нагрнал џамадан, капа пискулија
    море, токмо младожења.

    petel baner

    Па ми тргнал зајко низ Солунско поле,
    да си види, зајко, лиса удовица
    там си најде, зајко, место линдра лија
    квачка со пилиња, тешка миразџика
    личи за невеста.

    Кога виде, зајко, тоа чудно чудо
    па ми летна, зајко, назад на трагови
    там’ си сретна, зајко, до два-три ловџии
    ем они си носат пушки сачмалии
    море, р’ти ем загари.
    Па ми прснал зајко, зајко да ми бега,
    си искинал гаќи, размрсил мустаки,
    искинал џамадан, викна се провикна:
    – Море, не сум младожења!

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Сторил ниет зајко, зајко кокорајко кликни за да ја слушнеш песната.

    За повеќе корисни стории посетете не на веб страната на земјоделие.мк , како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img