Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

19.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

More
    домаАгро ВестиЈагне со шест нозе - причина можеби е вирусот Шмаленберг

    Јагне со шест нозе – причина можеби е вирусот Шмаленберг

    petel baner

    Јагне со шест нозе – Овцата родила совршено младo – само што ималo две дополнителни нозе. Причината можеби е вирус кој сериозно ја опустоши Европа пред десет години.

    Неодамна во Германија се роди јагне со шест нозе. Според локалните медиуми, тоa билo во совршено здравје со само две дополнителни нозе. Ветеринарот не најде други ограничувања или болести освен оваа малформација. 

    За да може да стане и што понормално да се движи, сопственикот на фармата со завој ја врзал едната нога која висела од трупот. Можеше да стане и самостојно да цица, се до одвикнувањето. 

    Шефот на ветеринарната клиника во Лајпциг дури изрази можност за операција на животното. 

    Agrobot

    Вирусот е откриен во 2011 година

    Се смета дека причината за оваа појава е вирусот Шмаленберг (SBV). Се пренесува со каснување од инсекти, а ако бременото животно се зарази во одредена фаза од бременоста, потомството може да претрпи тешки малформации. Вирусот првпат беше откриен во 2011 година во северозападна Германија, во малиот град Шмаленберг, а за само неколку месеци беа пријавени повеќе од 700 случаи. Бидејќи немало обврска за пријавување, можно е да имало повеќе. 

    Болеста се појавила и во Франција, Холандија, Белгија, Италија, Луксембург и Велика Британија, најмногу кај овците, но и кај козите и кравите. Последица на болеста било раѓање на мртов или сериозно оштетен фетус. Дотогаш беше познат само во Австралија, Азија и Африка, а подоцна беше докажано дека предизвикува болести кај говедата, овците, козите и бизоните. 

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Некои од симптомите се зголемена телесна температура, дијареа, доцни абортуси и намалено производство на млеко. Заразените младенчиња главно се раѓаат мртви или умираат по раѓањето поради тешки малформации. 

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img