Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

4.8 C
Skopje
Friday, January 30, 2026

More
    домаАгро советиТечно минерално ѓубриво

    Течно минерално ѓубриво

    Prokredit baner

    НАМЕНА НА ЃУБРИВОТО
    Течно минерално ѓубриво за примена преку системот за микронаводнување
    (капка по капка и микродождење) и со фолијарна апликација.

    ПРИМЕНА И ЕФЕКТИ ОД ПРИМЕНАТА
    NPK 12-5-7 + МЕ покрај основните хранливи елементи кои се неопходни за
    правилен раст и развиток на земјоделските култури, содржи и микрохранливи
    елементи (В, Cu, Mn и Zn), со што се обезбедува избалансирана исхрана на
    земјоделските култури.

    bum.mk

    NPK 12-5-7 + МЕ може да се применува во сите фази на
    раст и развиток на растенијата, а особено се препорачува во фазата на
    вегетативен пораст и во фазата на цветање или на почетно образување плодови.
    Како резултат на апликацијата на NPK 12-5-7 + МЕ, растенијата правилно се
    развиваат, цветаат, заврзуваат плодови, односно даваат стабилни и квалитетни
    приноси.

    Кај овошните видови и кај виновата лоза се постигнува успешно
    формирање родни пупки за следната година.

    Овошките и виновата лоза подобро
    ги поднесуваат раните есенски и доцните пролетни мразеви.
    Се препорачува NPK 12-5-7 + МЕ да се аплицира со водата за наводнување.

    Во
    случај кога не се применуваат техники на микронаводнување, се препорачува
    фолијарна апликација.

    Тигар лого гиф

    Најдобар ефект се постигнува со комбинација на
    системот за микронаводнување и фолијарна апликација.

    Течно минерално ѓубриво
    НАЧИН НА УПОТРЕБА
    Преку систем капка по капка и со полевање

    Petel.mk

    Ефектот од фолијарната апликација е подобар во раните утрински или во
    вечерните часови.
    НАПОМЕНА
    NPK 12-5-7 + МЕ може да се употребува поединечно или во комбинација со
    многу пестициди. Редоследот на растворање е: вода – NPK 12-5-7 + МЕ –
    пестициди. Не смее да се меша со бордовска чорба и со други силни алкални
    средства.
    Течно минерално ѓубриво – СКЛАДИРАЊЕ
    На температура повисока од +10°С.
    РОК НА УПОТРЕБА
    5 години.

    За повеќе корисни стории посетете не на веб страната на земјоделие.мк , како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img