домаАгро ЗабаваАнанас јагоди со уникатен изглед и вкус

Ананас јагоди со уникатен изглед и вкус

halk bank baner horizontalen ovcar

Ананас јагоди – Вообичаено е да се видат црвени јагоди во продавниците, но не и бели. За што се работи и што ги прави така уникатни?

Албино или белите јагоди привлекуваат се повеќе внимание. Ова овошје изгледа како незрела јагода која е бела или малку розова со мали црвени семки. Сепак, вистинското изненадување е неговиот вкус. Изгледа како јагода, но вкусот е мешавина од јагода и ананас.

Семенарна хоризонтален банер
Pneumatik baner

Како настанале ананас јагоди

Кратката историја на овошјето вели дека црвените јагоди од Европа првпат го направиле своето деби во САД во 17 век, а потоа и белите јагоди од Јужна Америка околу 100 години подоцна. Белата јагода е женска и потешка за одгледување, бидејќи има потреба од црвени јагоди и пчели за опрашување. Така, машките, самоопрашливи црвени јагоди станаа јагодите што ги знаеме денес. Едноставно е полесно да ги одгледувате во големи количини.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Пред околу 20 години, холандскиот одгледувач Ханс де Јонгхаре развил ананас јагоди со вкрстување на црвени и бели сорти, а пред околу 5 години тие почнаа да се појавуваат во продавниците. Плодот е помал од обичната јагода, а хранлив. Ананас јагодите содржат витамини А и Ц, слично на црвените јагоди. Билката е доста отпорна на болести.

petel baner

Во моментов, тие можат да се увезуваат од Холандија помеѓу април и јуни, што го прават богатите земји. Се разбира, тие се драстично поскапи. Ги немаме во нашите продавници, но садници може да се купат во локалните расадници, па имате можност да ги засадите и да уживате во нивниот необичен изглед и вкус.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img