Компирова златица Leptinotarsa decemlineata
Има тело долго просечно 10 мм.
Телото е кафеножолтеникави, на стомакот повеќе црвенкасто.
Поткрилата е жолто со по пет долги пруги.
На надвратникот се наоѓаат 11 црни пеги со различен облик.
Личинките се со ружицаста боја со црна глава.
Личинките од 1 и 2 стадиум се долги до 4. 0 мм, а личинките 3 и 4 стадиум подолги од 4 мм.
Јајните легла се наоѓаат на опаќината на листот и содржат 25 – 80 јајца долги 1, 2 мм кои се поставени едно до друго со жолта боја.
Имагото презимува во почвата.
Кога температурата на длабочина од 10 цм се загрее на 14, 5 степени или кога температурата на воздухот ќе помине 14 – 15 степени почнува масивна појава на имаго.
По излагањето женките веднаш не морат да се хранат можат 10 дена да бидат и без храна.
Женките ги полагаат јајцата по 30 или повеќе денови. Дневно може да снесе 5 – 70 јајца, а вкупно 300 – 1100 јајца, со тоа што во топлипериоди повеќе во ладните помалце.
Развојот на јајцата трае 5 – 16 дена.
Поголем број на испилувања има кога е пониска релативната влажност.
Личинките се пресоблекуваат три пати и преоѓаат низ 4 стадиуми на развој.
Развојот трае 14 – 22 дена напролет и 12 – 18 дена летото.
Развојот на првиот стадиум трае 3 – 4 дена,
Развојот 3 – 7 дена на вториот, 4 – 8 дена на третиот, 5 – 11 дена на четвртиот.
Развојот од јајце до имаго трае педесетина дена.
Компирова златица – Препорака за борба против овој штетник:
Actara 25 WG
Alverde
Confidor SL 200
Decis EC-2,5
Pyrinex 48 EC
Proteus 110 OD
Pyrinex 25 MF
Calypso SC 480
За повеќе корисни стории посетете не на веб страната на земјоделие.мк , како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK