Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

10.8 C
Skopje
Tuesday, April 23, 2024

More
    домаситеШто да јадете ако ви недостасува железо?

    Што да јадете ако ви недостасува железо?

    petel baner

    Што да јадете ако ви недостасува железо – која храна помага при анемија и ја подобрува крвната слика!

    Симптоми кои укажуваат на недостаток на железо се: постојано чувство на замор, бледило, губење здив, главоболки и вртоглавица, силно и забрзано чукање на срцето, сува и оштетена кожа и коса, оток и болка во крајниците и устата. Потоа синдром на немирни нозе (константно тапкање), вовлекување на ноктите (коилонихија), анксиозност, тешки периоди и ладни раце и нозе.

    Луѓето кои имаат зголемен ризик од анемија се најчесто бремени жени, лица кои боледуваат од Кронова болест, жени кои имаат обилна менструација, како и луѓе кои не консумираат храна од животинско потекло. Недостатокот на железо се утврдува со анализа на крвта. Доколку се утврди потребно е да се консултира лекар кој ќе ви препише специфична терапија, најчесто суплементи.

    Покрај суплементите, потребно е да се внимава и на исхраната, како и на храната која ја поттикнува апсорпцијата на железото во организмот. Храната со најмногу железо е црвеното месо, па затоа консумирањето порција од 100 грама два пати неделно може да има благотворно влијание врз телото на личноста која страда од недостаток на железо. Доколку јадете месо, важно е да е од природно и органско потекло и да не претерувате.

    Истражувањата покажуваат дека следните намирници се полни со железо:

    Месо и риба  – Говедско, јагнешко, дивеч, црн дроб, школки, остриги, ракчиња, сардини, туна, лосос, бакалар…

    Овошје и зеленчук  – Кељ, спанаќ, блитва, агруми, црвени и жолти пиперки, брокула, бобинки, аронија…

    Agrobot

    Јаткасти плодови и семки – семки од тиква, индиски ореви, ф’стаци, семки од коноп, борови ореви, семки од сончоглед…

    Грав и мешунки  – Грав, наут, грашок, мешунки…

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Намирници кои треба да се ограничат

    Доколку сакате да го зголемите нивото на железо во организмот, намалете ја потрошувачката на чај и кафе со оброците. Исто така, ограничете ја комбинацијата на храна која содржи железо со храна богата со калциум. Пожелно е да се консумира храна богата со железо покрај храна која содржи витамин Ц (киви, агруми, бобинки, пиперки, келераба…)

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img