Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро советиШто се сади и сее во месец мај?

    Што се сади и сее во месец мај?

    petel baner

    Во мај, времето полека се стабилизира, обврските во градината се зголемуваат, а исто така, се поставува прашањето што друго може да се засади или посее во текот на овој месец.

    Месец мај е најдобро време за сеидба и садење во градината. Ако не сте стигнале да ја извршете сеидбата во градината во април, повеќето градинарски култури и цвеќиња можете без никаква грижа да ги посеете во мај и сè ќе успее да израсне и да даде плод. Кога земјата ќе се загрее и идеално е влажна сè многу побрзо и подобро ќе израсне.

    Мај е еден од најубавите пролетни месеци: многу растенија раскошно цветаат, а зеленчукот расте. Но освен уживање во боите и мирисите, нè чекаат и многу активности.

    Otkup na kompiri

    Еве што се работи во градината во мај:

    -Уништување на плевелите во никнатиот зеленчук

    -Заштита на доматот, компирот, краставиците и зелката од пламеница и од други болести.

    -Следење на развојот на компировата златица и прскање кога ќе се изведат ларвите.

    -Прихрана, наводнување и копање на посевите

    -Сеење на грав, краставици, лубеници, дињи, пченка шеќерец

    -Садење на пиперки, домати, краставици, лубеници, дињи, модар патлиџан и целер

    -Берба на кељ, марула, спанаќ, грашок и вадење на морковот и младиот компир

    agrounik

    -Расадување на марулата за да не се гуши ако е посеана преблиску за да може да се развие во убави главици. За пресадување секогаш подобро бирајте период пред дожд

    -Се берат лековити растенија, па не заборавајте да наберете и исушите коприва, мајчина душичка, маточина, бозел, багрем. Не пропуштајте да уживате во свежите цветови од багрем и сокот од бозел.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    -На отворено и во садови можеме да сееме и да ги садеме скоро сите видови зачини, босилек, целер, лаванда, мајчина душичка, нане, маточина, жалфија, ким, копар, мајоран, оригано, магдонос, рузмарин…

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img